Истражувачите од Универзитетот во Аризона, објавија нови резултати во кои е наведено дека карвакролот, фенол од маслото на ориганото, ги деактивира опасните микроорганизми и загадувачи на ниво на кое можат позитивно да влијаат на подготовката и безбедноста на храната.Не само што маслото од оригано е моќно антибактериско средство, туку покажува и антиоксидантни и антибактериски својства кои можат да се применат на храната.
Маслото од оригано може да ги уништи канцерогените материи при подготовката на храна на високи температури.
Кога Садана Равишанкар со својот тим во масло од оригано додале мелено јунешко месо, откриле дека карвакролот спречил формирање на 78 отсто хетероциклични канцерогени молекули кои настануваат кога животинската маст се готви на високи температури.
Во едно друго истражување, беше утврдено дека маслото од оригано успешно се справува со салмонела и ешерихија коли. Студиите покажуваат дека примените на масло од оригано се безбројни, а Равишанкар верува дека тоа би помогнало и при подготовката на индустриската храна.
Маслото од оригано би можело да ги замени зрачењето, избелувањето и останатите хемиски и неприродни методи кои се користат за пречистување на храната и производите од животинско потекло.
Маслото од оригано со антивоспалително дејство против микроби
Според истражувањата на научниците од Универзитетот Medical center, маслото од оригано може да биде доволно ефикасно за да ги замени лековите кои ги третираат дебелото црево, црниот дроб и дигестивниот систем.
Исто така, ова е добра вест за луѓето кои страдаат од кандида. Во едно истражување, 77 отсто од пациентите кои користеле масло од оригано шест недели, биле излечени од кандида.
Останати бенефиции од маслото од оригано
Карвакролот е одговорен и за намалувањето на дебелеењето и може да го спречи добивањето на вишок килограми. Може да го намали и воспалението кое е чест причинител за дебелеење, поради масното ткиво.
Маслото од оригано може и да се стави под јазикот (неколку капки) и да се искомбинира и со топла солена вода доколку ве мачи забоболка или имате инфекција во устата. Може и да се користи како домашен лек за синусна инфекција.Не само што маслото од оригано е моќно антибактериско средство, туку покажува и антиоксидантни и антибактериски својства кои можат да се применат н



