Масовниот напад на групата „Исламска држава“ против цели во и околу ирачкиот град Киркук е завршен по деноноќие тешки борби, соопшти полицијата, пренесува БТА.Официјални извори изнформираа дека при офанзивата на џихадистите загинале 46 лица, од кои повеќето членови на силите за безбедност, а 133 лица се повредени.
Бригадниот генерал Хатаб Омер изјави денеска дека сите напаѓачи биле убиени или се саморазнеле. Во областа околу седиштето на локалната самоуправа, каде што беа најжестоките борби, е мирно утринава.
Не е јасно колку борци учествувале во офанзивата, која најверојатно имаше за цел да го одвлече вниманието од контролираниот од „Исламска држава” град Мосул, каде што ирачките сили спроведуваат голема офанзива.
Екстремистите убиле 13 работници, вклучително и четворица Иранци, во централа на север од Киркук. Репортер на локална телевизија беше застрелан вчера со снајпер во градот.Официјални извори изнформираа дека при офанзивата на џихадистите загинале 46 лица, од кои повеќето членови на силите за безбедност, а 133 лица се п