Македонските спортисти, кошаркари, фудбалери, ракометари, автомобилисти… се приклучија со донации за настраданите во поплавите во Македонија, што однесоа и жртви.Откако први се огласија фудбалерите, кои средствата од квалификацискиот натпревар против Албанија во целост ќе ги донираат на погодените од катастрофалната поплава, нив ги следеа и останатите.
Кошаркарската селекција на Македонија која се подготвува за квалификациите за ЕП, веќе порачаа: „Ние дониравме, приклучете се и Вие“.
Поддршката доаѓа и од македонските авто-клубови, кои ги поканија сите свои членови, но и воопшто граѓаните на Реапублика Македонија, да се придружат кон собирањето на основните потребни материјали.
За таа цел, денеска тие ќе организираат и собирање на помошта е пред спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје, со почеток од 14 часотм каде членовите од авто-клуовите очекуваат масовна поддршка поразчувајќи: ,,Се гледаме таму, а во меѓувреме, Ве потсетуваме да донирате за настраданите на телефонскиот број 143 400“.Откако први се огласија фудбалерите, кои средствата од квалификацискиот натпревар против Албанија во целост ќе ги донираат на погодените од катастр