Масовни протести против приватизацијата на болниците во Мадрид

Илјадници луѓе учествуваат на манифестација „Бел бран” во центарот на шпанската престолнина Мадрид, протестирајќи против плановите за приватизација на дел од државните болници и здравствени центри, јавува шпанската новинска агенција EFE.

 На крајот на ноември 2012 беше објавено дека регионалната влада на провинцијата Мадрид ќе приватизира шест од 20 државни болници и 27 од 268-те медицински центри во регионот. Тоа, според властите, е неопходен чекор за намалување на јавните трошоци и стабилизирање на буџетот.
Протестот започна точно напладне по локално време на еден од главните мадридски плоштади „Плаза де Сибелес”. Под слоганот „Здравјето не се продава, туку се чува”, на улиците излегоа членовите на синдикатите во провинција Мадрид, здруженија на лекарите, како и работници од разни струки и корисниците на услугите за здравствена заштита.
Генералниот секретар на синдикалната унија „Работен комитет”, Хаиме Седрун побара од регионалниот претседател да се откаже од планот за приватизацијата на здравството. Од своја страна, генералниот секретар на Генералниот сојуз на работниците на Шпанија, Хозе Рикардо Мартинез ја повика регионалната влада да води сметка за граѓаните, а не да води бизниси со здравството.
Макфакс
Илјадници луѓе учествуваат на манифестација „Бел бран” во центарот на шпанската престолнина Мадрид, протестирајќ

Пронајдете не на следниве мрежи: