Граѓанското движење за одбрана на Македонија (ГДОМ) продолжува со организација на масовни мирни граѓански собири ширум земјава.ГДОМ- Граѓанското Движење за Одбрана на Македонија, денес (19.04.2016) ќе одржи масовни собири во следните градови:Велес 18 часот ( во центарот на градот )Прилеп 19 часот ( Могила на непобедените )Битола 19 часот ( Плоштад Магнолија )Кочани 19 часот ( пред општина)
Исто така се масовните собири ќе можеме да ги проследиме во живо.
На собирите на ГДОМ народот се сплотува, се пеат патриотски песни и се праќаат историски пораки.
Од Граѓанското движење повикаа на силен одзив на граѓаните против деструктивните сценарија спроведувани од опозицијата, рушењето на волјата на народот и одбрана на државата и институциите. Иако неколку дена имаше прекин на собирањата, поради огромната желба на граѓаните и огромниот притисок јасно да ја изразат својата волја против актуелните случувања и деструкцијата која ја применува СДСМ, како и за одбрана на државата и мирот, ГДОМ започнува со серија граѓански собири.
Членовите на ГДОМ истакнуваат дека народот како што ја создаде оваа држава, сега кога се чуствува отворена закана за нејзино подривање застанува на бедемот и одбрана на институциите и зачувување на мирот.
-Деструкцијата и насилието кои што се спроведуваат од приврзаниците на СДСМ не е израз на волјата на мнозинството. Кога насилието ќе го замени разумот, кога пресметките ќе се главна содржина на политичкото дејствување, тогаш нема напредок. Тоа граѓаните ќе го осудат. Македонија мора да оди напред, да се развива, истакнуваат од ГДОМ.
Слободата и демократијата се брани токму од тие од каде што извира, а тоа е народот. Затоа народот ќе си ја брани својата волја и зачува својата слобода. Потребни се избори, волјата на народот се изразува единствено на избори од кои нема бегање. Тоа е врвен демократски чин, нема поголема демократија од тоа да се одлучи на избори. СДСМ со бегањето од избори, бега и се плаши од волјата на народот.
-Нема случај никаде во светот опозиција да бега и да се плаши од избори. Деструкцијата не е опција со која државава оди напред. Насилието не е опција која ќе донесе подобро утре за народот, затоа е потребна одлучност со каква располага нашиот народ, народот ќе си ја одбрани државата, слободата и зачува мирот, истакнуваат од ГДОМ.
Претходно ГДОМ одржа масовни собири во Скопје каде над 20 илјади граѓани излегоа и мирно го изразија својот револт од кризата наметната од опозицијата.ГДОМ- Граѓанското Движење за Одбрана на Македонија, денес (19.04.2016) ќе одржи масовни собири во следните градови:Велес 18 часот ( во центар