Од сипаници, до мозочен удар и рак, овие болести се одговорни за најголемиот број на смртни случаи. И покрај напредокот на медицината, луѓето и понатаму умираат од некои од нив.Еве за кои болести станува збор:
10. Големи сипаници
Оваа болест се ширела како епидемија во период од дури 10.000 години, а од неа починале стотици милиони луѓе. Се смета дека само во 20 век, околу 400.000 луѓе починале од сипаници, а по развојот на вакцината и модерните лекови сипаниците се скоро во целост искоренети. Сепак, примероците од оваа инфективна болест се чуваат во лабораториите.
9. Мозочен удар
Мозочните удари се сѐ почести. Еден дел поради очекуваното траење на животниот век, а друг дел поради исхраната која е богата со маснотии и која предизвикува згрутчувања во крвта. Околу 150 милиони луѓе во светот доживуваат шлог, а третина умираат од неговите последици.
8. Мали сипаници
Иако денес не се доживуваат како болест која го загрозува животот на голем број луѓе, малите сипаници претставувале огромен здравствен проблем – посебно кај староседелците во Америка, на кои болеста им била пренесена од европските колонизатори. Бидејќи немале развиен имунитет за оваа болест, сипаниците убиле милиони Индијанци. За прв пат ги дијагностицирал еден арапски лекар во 9 век. Организираното вакцинирање ја намалило нивната зачестеност, но податоците од 2011 година, покажуваат дека се одговорни за смртта на повеќе од 150.000 луѓе ширум светот.
7. Маларија
Предизвикува отекување на мозокот, невролошки напади и кома. Ја пренесуваат паразити преку каснување, а најчеста е во тропските предели. Статистиките велат дека на секоја минута, во светот умира по едно дете од оваа болест. Секоја година од маларија заболуваат помеѓу 300 и 350 милиони луѓе, а од неа умираат околу милион луѓе годишно.
6. Туберкулоза
Оваа болест некогаш била голем убиец, но од неа и ден денес се умира. Само во 2012 година, околу 1,3 милиони луѓе починале од туберкулоза, додека биле забележани пријавени околу 8,5 милиони случаи на инфекција – најчесто во помалку развиените земји во светот.
5. ХИВ
Станува збор за вирус кој го напаѓа имунолошкиот систем, поради кој организмот не е во состојба да се одбрани ниту од најмалите инфекции. Се претпоставува дека денес во светот околу 35 милиони луѓе живеат со ХИВ. Секоја година околу 1,5 милиони луѓе умираат од последиците од оваа болест.
4. Тифус
Тифусот само во Русија убил 3 милиони луѓе и тоа во периодот од неколку години на почетокот на 20 век. Болеста е застапена и ден денес, најчесто во подрачјата во кои се загрозени изворите за питка вода, или постои недостаток на истата. Тифусот се нарекува и болест на валкани раце.
3. Рак
Научниците пронашле траги од оваа болест дури и на ребрата на неандерталците. Ракот предизвикува смрт кај околку 7,6 милиони луѓе на годишно ниво, а неговата зачестеност е во постојан пораст.
2. Чума
Црната смрт се пренесува од глодарите на луѓето преку каснувањета на инфицирана болва, а болеста е најпозната по средновековната епидемија која убила повеќе од 75 милиони луѓе. Чумата е смртоносна, а од неа умираат скоро 70% од заразените.
1. Шпански грип
Во краткиот период помеѓу 1918 и 1919 година, од оваа болест починале од 50 до 60 милиони луѓе, што значи дека шпанскиот грип однел повеќе жртви од Првата светска војна.Еве за кои болести станува збор:
10. Големи сипаници
Оваа болест се ширела како епидемија во пери



