Масовно иселување на Француските Евреи во Израел!

Француските Евреи масовно се иселуваат во Израел поради зачестените антисемитски инциденти од почетокот на нападот на Газа до сега, јавува Ал Џезеира. Во Франција живее најголемата еврејска заедница во Европа. Според податоците на Еврејската агенција за Израел, само во изминатите три недели дури 430 француски Евреи емигрирале во Израел. Се проценува дека над 4000 Евреи биле собрани пред Израелската амбасадата во Париз извукувајќи „Терористи на Хамас“„Убијци на Хамас“„Престанете со ракетни напади“. Тие сметаат дека воената операција во Газа е легитимна одбрана на Израел. Од почетокот на нападите во Газа, бројот на нападите на Евреите во Франција драстично е зголемен. На про-палестинските собири организирани во Париз можеа да се слушнат „Смрт на Евреите“и „Евреите во гасни комори“„Емиграцијата на француските Евреи достигна рекордно ниво. Се очекува годинава во Израел која е во воена состојба, да заминат над 5000 Евреи. Тоа покажува колку се плашат од зачестените напади врз нив, не само во Франција туку во цела Европа“, јавува David Chater, репортер на Ал Џезеира.Неодамна четири лица беа убиени во Еврејскиот музеј во Белгија. За нападот е одговорен Французин со алжирско потекло. Во предградието на Париз познато како „Мал Ерусалим“ на мета на нападот се најдоа синагогите и продавниците со кошер храна. „Загрижена сум кога излегувам надвор со децата.Од страв не одам подалеку од мојот кварт во кој живеат луѓе од мојата вера. Кога одев во трговскиот центар чувствував како луѓето ме гледаат поинаку. Едноставно ништо не е исто како порано, вели Natania Taieb.Од друга страна водачот на муслиманската заедница Dalil Boubakeur, вели дека во Франција многу луѓе се изложени на расистички напади, без разлика на која религија припаѓаат. „Во Франција Евреите се жалат на антисемитски напади, но такви работи во оваа земја долго време се случуваат, тврди Boubakeur.Сепак, во предградието на Париз зголемено е присуството на припадниците на специјалната полиција. Доколку крвопролевањето во Газа не престане, тензиите ќе растат, се вели во анализата на Ал Џезеира.Се проценува дека над 4000 Евреи биле собрани пред Израелската амбасадата во Париз извукувајќи „Терористи на Хамас“„Убијци на Хам

Пронајдете не на следниве мрежи: