Како што наближува 24 април, паниката во најголемата опозициска партија добива се поголеми размери. Истата кулминирала после јавно искажаните ставови на Брисел и Вашингтон за доследно почитување на договорот од Пржино, вклучувајќи го и датумот за избори,објави Сител.Соочувајќи се со се помалиот маневарски простор, Зоран Заев ги уверувал и сопартијците и коалициските партнери дека ќе ја активира и последната карта за одложување на изборите, а тоа е Катица Јанева.
Затоа ургенциите од страна на Заев и неговите сопартијци кај Катица Јанева и нејзините соработници се интензивирале изминатиов период.
Неодамна се одржала и една тајна средба помеѓу Зоран Заев и Катица Јанева надвор од Скопје, на која бил договорен мастер планот на лидерот на СДСМ за проблематизирање на датумот и бегање од избори, објави Сител.
Целта на мастер-планот на Заев била компромитација на владеачката партија по секоја цена, со монтирање на случаи, односно преземање на улогата на Чауш од Катица Јанева.
Мастерпланот на Заев, согласно договорот меѓу него и Катица, треба да биде реализиран пред доаѓањето на Хан. Согласно роковите кои Заев и ги наметнувал на Јанева планот треба да стартува на почетокот на наредниот месец, а Јанева веќе издала наредба во Специјалното јавно обвинителство да отпочнат подготовките.
На ваквите инсистирања на Заев и Јанева, регирале дури и дел од обвинителите кои се блиски до СДСМ со образложение дека нема ефект да се притиска со правно неиздржани предмети, додека останатата струја, инсистирала дека правниот ефект бил неважен во споредба со ПР ефектот кој би го добил СДСМ. На колегиумите кои се држеле во СЈО, според нашите извори, повеќе се коментирале позициите на СДСМ и се осудувале и критикувале настапите на еврокомесарот Јоханес Хан, отколку што се разговарало за предметите кои треба да се работат, објави телевизијата.
Дел од тимот на Јанева како подготовка на реализацијата на сценариото на Заев отпочнал и со конкретни активности. Изминативе денови спротивно на законот стартувале со притисоци и закани кон поединци, нелегални повикувања и забрани за присуство на адвокат при сослушувањето на лицата.
Следен чин во сценариото на Заев кое треба да го реализира Јанева би требало да бидат претреси по домови, кои заради драматиката би се вршеле или доцна во ноќта или во тек на викенди, иако дел од тимот на Јанева бил свесен дека е апсурдно да се оди на оваа варијанта заради тоа што не се очекува да биде ништо пронајдено.
Двајца од обвинителскиот тим на Јанева, кои се исклучително блиски со СДСМ и практично се директен линк со партијата, изминатиов период имале секојдневни средби со генералниот секретар Оливер Спасовски за да ги координираат активностите.Соочувајќи се со се помалиот маневарски простор, Зоран Заев ги уверувал и сопартијците и коалициските партнери дека ќе ја активира и последната кар