Македонските претставници викендов ги играат своите натпревари во Лигата на Шампионите.Викендов на програмата е 8-мото коло од Лигата на Шампионите, па со самото тоа започнува да се калкулира околу последните натпревари на нашите претставници во Лигата на Шампионите во машка конкуренција.
МЕТАЛУРГ БРКА БОД ЗА ПЛАСМАН ВО ТОП 16!
Еден бод од следните три натпревари ги носи Металурзите во ТОП 16 фазата од Лигата на Шампионите.
Екипата од Автокоманда во сабота игра на гостински терен кај Париз Сент Жермен, мошне тежок и силен противник кој дефинитивно ќе биде голем фаворит за овој натпревар.
Вториот натпревар за Металург е на 16-ти на гостински терен со Динамо Минск (првиот натпревар на домашен терен го доби нашиот претставник со 33-29), додека пак третиот, а воедно и последен натпревар од групната фаза од Лигата на Шампионите Металург го игра на домашен терен против екипата на Барселона, натпревар кој се игра на 23-ти овој месец.
До овој момент од групата „Ц“ каде се нашите два претставника сигурен пласман во осминафиналето обезбеди само екипата на Барселона која со со 13 бода е сигурна на првото место на табелата.
Од друга страна, нашиот втор претставник во машката Лига на Шампиони, исто така дел од групата „Ц“, РК Вардар поради полошиот меѓусебен резултат, не смее да има исти бодови со Металург и Динамо Минск (првиот натпревар на гостински терен го загуби со 26-24, се чека реваншот предвиден за викендов).
Повеќе на sport365.mkВикендов на програмата е 8-мото коло од Лигата на Шампионите, па со самото тоа започнува да се калкулира околу последните натпревари на нашит