Крилото на Вардар, Матијаж Бруен е пред добивање македонски пасош со што ќе се отвори можноста тој да заигра за Македонија на Светското првенство во Катар.Според информациите на Спортмедиа, Брумен веќе изрази подготвеност да го облече црвено-жолтиот дрес но се очекува да се средат техничките работи и да се добие дозвола од ИХФ.
„Во моментов не можам ништо конкретно да кажам. Имаше некоја заинтересираност околу тоа, па сега нема ништо. Треба официјално да добијам понуда за да можам да решам. Не е невозможно да земам и македонски пасош и да играм за Македонија. Треба да ги видиме и условите што треба да се исполнат. Јас последен пат играв за Словенија во 2012 година на ЕП во Србија, и тоа на мечот против Македонија. Верувам дека наскоро ќе има поконкретни информации околу ова прашање“, вели Матјаж Брумен.
Брумен веќе има настапувано во дресот на Словенија, а за да игра за Македонија потребно е да поминат 2 години од последниот настап. Во нашата национална селекција веќе настапуваат натурализираните Ренато Вугринец и Немања Прибак.Според информациите на Спортмедиа, Брумен веќе изрази подготвеност да го облече црвено-жолтиот дрес но се очекува да се средат техничките работи и