Фото: Shutterstock.com Пред две години, Netflix го укина еден од најпрепознатливите аспекти на својот сервис – споделувањето на лозинка меѓу повеќе корисници. Тоа стана проблематично за компанијата затоа што многу корисници не беа претплатници, туку пријателите користеа една претплата заеднички, наместо секој да има своја. Компанијата која порано промовираше споделување на лозинка почна да го прекинува ова. Така не само Netflix, туку и Disney+ минатата година го ограничија ова.
Стриминг платформите сега дозволуваат различни профили само за членовите на едно домаќинство. Оние што не припаѓаат мораат да отворат своја сметка и самостојно да плаќаат. Сличен процес е започнат и од Max, кои сега дават опција за додавање на дополнителен член, нагласувајќи дека сервисот е дизајниран за семејна употреба. Овој тренд засега е во САД, но, како и со другите платформи, очекувано е да се прошири глобално со текот на времето, најверојатно догодина.
Овие одлуки доведуваат до тоа корисниците да преиспитуваат колку стриминг сервиси им се навистина потребни и да се определат за еден или два. Добра работа е што платформата Max може да се користи преку операторите со претплата на HBO каналите, иако тоа не го вклучува пакетот со 4K резолуција.
The post Max го следи примерот на Netflix и Disney+ за ограничување на споделување на сервисот меѓу различни домаќинства appeared first on 365.mk.