МАЖ МИ Е ПЕДОФИЛ И ИМА 5 СВРШЕНИЦИ: Страотно откритие на жена чии сопруг тврдел дека работи за ЦИА

Кога Мери Тарнер Џонскон (48) преку интернет го запознала Вилијам Џордан ја завел нејзиниот добар изглед и американски акцент. Не се ни сомневала дека има уште една сопруга и дека е осуден педофил.Мајка од Единбург, чиј маж не го поминувал Божиќ со семејството, била ужасната кога открила дека тој има уште едно тајно семејство, 5 свршеници, како и дека е осуден педофил.
Кога Мери (48) Кога Мери Тарнер Џонскон (48) преку интернет го запознала Вилијам Џордан ја завел нејзиниот добар изглед и американски акцент. Во текот на нивната 6 годишна врска тој со неа поминал само два пати за Божиќ, бидејќи останатите морал да ги поминува со уште една жена и 5 свршеници од кои 3 дури биле бремени во исто време, пишува Мирор.
– Кога се запознавме, во ноември 2000 година Вил ми рече дека има своја ИТ консалтинг фирма, што значеше дека често ќе биде на деловни патувања. Немав причина да се сомневам во него. сепак со време ме изневери неколку пати, и тоа во последен момент – објаснува Мери.
Кога се посомневала дека ја изневерува, ја побарала адресата од неговата фирма и дошла до куќа во чиј двор биле расфрлани детски играчки.
– Кога го прашав за тоа, тој ме натера да му ветам дека ќе ја чувам тајната и ми објасни дека таен агент на ЦИА, и дека жената која живее внатре е исто агент и дека постои опасност да им ја расипам задчата. Ми делуваше неверојатно, но тогаш ми ја покажа својата ЦИА знчка и докоменти, и така ме убеди дека ја зборува вистината, раскажува таа.
Мери, која имала 5 годишна ќерка од претходниот брак, после 2 месеци останала бремена. Парот тогаш испланирал венчавка, но Џордан само една недела пред договорниот датум, ја откажал венчавката, тврдејќи дека е на задача во Палестина. Иако не бил присутен кога им се родила ќерка, Мери му простила бидејќи го сакала. Се венчале во април 2005 и го добиле синот Александар.

 

– Кога задоцни на нашиот меден месец, ми беше доста од се и му реков да одбере ЦИА или јас. Ме одбра мене и започна свој бизнис, ја вработи Денис и купи „мерцедес“. Но набрзо дознав дека се е лага и дека сме во голем долг. Му ги дадов сите пари и едвај можев да купам храна за децата – вели Мери.
Во април 2006 добила ужасен повик од полицијата која и ја открила целата вистина.
– Ми рекоа дека Вил  свршен со својата работничка Денис која го пријавила во полиција бидејќи со нејзината кредитна картичка купил „мерцедес“. Жената која ја видов во куќата која ја посетив, била негова жена веќе 16 години, а не агент на ЦИА како што тврдеше тој. Цел ѓивот ми се сруши. Мојот живот со Вил беше сурова лага – раскажува Мери.
Дознала и дека Вил е сексуален престапник кој поминал 13 години во затвор поради напад на 13 годишно девојче. Покрај уште една жена и 5 вереници Вил имал уште 9 деца.
Џордан ја признал вината на обвинението за бигамија, измама и прикривање на факти дека е сексуален престапник. Осуден е на 5 години затвор.
Пред 6 месеци осум години после страшното сознание, Мери стапила во контакт со уште една свршеница на Вил од Америка која дури тогаш дознала дека е жртва.
– Кога го пуштиле од затвор и ја раскажал истата приказна како и на мене и и ги зел парите. Сега е обвинет и во Америка. Се надевам дека тоа е последен пат што некој ќе повеува во неговите лаги – заклучува Мери.Мајка од Единбург, чиј маж не го поминувал Божиќ со семејството, била ужасната кога открила дека тој има уште едно тајно семејство, 5 свршеници, ка

Пронајдете не на следниве мрежи: