Седумдесетгодишен старец од Канзас е обвинет за грабеж на банка. Тој пред истражителите изјавил дека попрво би заминал во затвор отколку да остане со својата жена.Џон Рипли е обвинет дека на благајничката во банката ѝ предал порака во која барал пари, заканувајќи се дека носи пиштол, се наведува во судските документи.
Тој ги изнел парите надвор и седнал во предворјето на банката и му рекол на чуварот дека „тој е човекот кој го бара“, а потоа полицијата набрзо го уапсила.
Неименуван извор од ФБИ изјави дека Рипли претходно имал расправија со сопругата и дека пораката ја напишал пред неа, наведувајќи дека попрво би заминал во затвор отколку да остане дома.
Против него е покренато обвинение за грабеж на банка.Џон Рипли е обвинет дека на благајничката во банката ѝ предал порака во која барал пари, заканувајќи се дека носи пиштол,