Маж со мачета повреди две полицајки во Белгија

Маж со мачета, рани денес две полицајки во белгискиот град Шарлероа, пренесе ДПА, повикувајќи се на извори од локалната полиција.Напаѓач извикувал „Алах е голем“ на арапски.
Тој бил застрелан од вработен во обезбедување и подоцна починал во болница, соопшти телевизијата „Ер-Те-Бе-Еф“.
Едната од повредените жени има длабоки исеченици по лицето и е хоспитализирана. Нејзината колешка била ранета сосема благо, пренесе белгиската национална новинска агенција.
Напаѓачот, исто така бил однесен во тешка состојба во болница, каде што подоцна починал.
Нападот се случи пред полициската станица во Шарлероа, на 50 километри јужно од белгиската престолнина Брисел.
Премиерот Шарл Мишел остро го осуди нападот. Министерот за внатрешни работи Јан Јамбол, го каратеризираше нападот како подмолен чин и изрази поддршка за повредените полицајки и нивните семејства и колеги.Напаѓач извикувал „Алах е голем“ на арапски.
Тој бил застрелан од вработен во обезбедување и подоцна починал во болница, соопшт

Пронајдете не на следниве мрежи: