Маж во штикли провалил во секс-шоп: Фрлал по сопственичката со вибратори

Провалникот упаднал во продавницата рано наутро, но за негова несреќа, го активирал алармот.Сопственичката на еден секс-шоп во Бризбејн го слушнала алармот од продавницата и веднаш потрчала да види што се случува.
На нејзино изненадување затекнала еден маж облечен во женска облека, штикли и со перика на главата како ги краде секси-играчките. Кога тој ја забележал, почнал со вибраторите и дилдата да фрла по неа.
Крадецот, за кој се претпоставува дека влегол преку покривот, се обидел со украдените играчки од таму и да избега, но го фатила полицијата.
Играчките кои ги украл вредат околу 2 000 долари. Сопственичакта Фиона Колдрик вели дека прво се уплашила дека некој провалил во дуќанот, но потоа и била смешна облеката на крадецот и тоа како ја мавал со вибраторите.Сопственичката на еден секс-шоп во Бризбејн го слушнала алармот од продавницата и веднаш потрчала да види што се случува.

Пронајдете не на следниве мрежи: