Мазе веќе го освои големиот Кристален глобус

Тина Мазе го обезбеди големиот Кристален глобус за севкупна победничка во Светскиот куп во алапско скијање.Мазе, победи во суперкомбинацијата која се одржа во францускиот Мерибел и стигна 1.844 бодови , на девет трки до крајот на сезоната таа има 978 бодови повеќе од вторполасираната Марија Хефл-Риш.Словенката во тековната сезона има забележано осум победи, вкупно 19 во кариерата.Извесно е дека извонредната Мазе до крајот на сезоната ќе ја пробие границата од две илјади поени, што не и успеало на ниту една скијачка во историјата.Мазе го напаѓа и рекордот на легендарниот Херман Мајер, Херминаторот во сезоната 1999/2000 победи во севкупниот пласман со точно 2.000 поени.
МакфаксТина Мазе го обезбеди големиот Кристален глобус за севкупна победничка во Светскиот куп во алапско скијање.

Пронајдете не на следниве мрежи: