Мажи имате вишок килограми: Еве како со облека да ги сокриете колиграмите!

Не е лесно во светот на подебелките мажи, без разлика дали се високи или ниски, бидејќи трендовите во модата не се водат баш според нивните пропорции.Но, сепак низ историјата постојат познати мажи со облини, кои сепак успевале да бидат во тек со модата. Како за пример може да се земе уредникот на списанието „Vogue“, Андре Леон Талеј, кој тежеше околу 135 килограми, а сепак права реткост беше да не биде забележан обвиен во најмодерните парчиња облека.
Но не секој маж има гардеробер, пари или пак лични шивачи  како г. Леон Талеј. Но како и да е, секој човек може да стори неколку работи, за да ги минимизира ефектите од својата прекумерна тежина визуелно.
Ова се неколку корисни совети кои можат да ви помогнат да се справите со овој „проблем“. Целта е да изгледате послабо или пак во најмала рака да не носите алишта што премногу ги потенцираат вашите килограми. Постојат неколку трикови како што се носењето облека во вертикални линии или пак комбинирање слични бои.
Што помалку толку подобро
Ова значи дека никако не треба да ги полните џебовите на пантолоните, јакната или кошулата со разни предмети, мобилни, кутии од цигари и слично, бидејќи секој од нив, допринесува визуелно да го зголемите обемот.
Вертикални линии
 Нежните и тенки вертикални линии на облеката ќе ви создадат вештачка виткост и ќе ве издолжат. Само внимавајте, доколу линиите се премногу смели и широки, тие само ќе направат да изгледате полошо и ќе ја истакнуваат вашата тежина.

 

Поткошула
Обидете се во секоја можна прилика, да носите поткошула, бидејќи ќе ви создаде еднаква и мазна силуета.
Тенок ревер крај од горна облека превртен на градите, најчесто на сако. Доколку сте малку се пообли во пределот на вратот и лицето, тенките ревери ќе го затскријат тоа.
Горен дел со „V“ отвор
Исто како и реверот, ваквиот отвор ќе ви помогне визуелно да ја намалите облината на вратот, бидејќи тој нема да биде опколен со материјалот од облеката. Исто така, доколку под парчето облека, не облечете ништо друго, можете да постигнете ефект на мускулести гради.
Облеката совршено да прилега на телото
Ова најмногу важи за пополните мажи. Доколку облеката е минимално тесна, ќе се покаже она што најмногу сакате да го сокриете. Во спротивен случај, пак, доколку е прешироко, ќе изгледате како телото да ви нема форма. Вашата облека мора да биде совршено точна, ниту претесна, ниту преширока.
Слични бои
 Доколку се држите до слични бои при облекувањето, вие на останатите визуелно ќе им изгледате многу потенки и повитки. Најдобар пример за ова е закопчан костум, сличноста на боите  на сакото со пантолоните создава обединувачи ефект, кој додава височина.
Коланот

Обидете се коланот да ви биде затегнат, но пред се и да ви биде комотен. Доколку ви е затегнат премногу силно, вишокот ќе излезат од страните.Но, сепак низ историјата постојат познати мажи со облини, кои сепак успевале да бидат во тек со модата. Како за пример може да се земе уредникот на

Пронајдете не на следниве мрежи: