Мажите масовно бојат еден нокот во црвена боја. Причината е благородна!

Со почнувањето на месец октомври, можете на социјалните мрежи да забележите мажи кои објавуваат фотографии со еден лакиран нокот во црвена боја, а за тоа има многу добра причина.Австралиската организација со YGAP, создала социјална кампања, која има за цел да ја повиши свесноста за насилството врз деца.
Кампањата е наречена „Polished Man“, а оваа година се одржува веќе по трет пат по ред и има за цел да собере пари за да помогне на едно од пет деца, коишто страдаат од физичко или сексуално насилство пред да навршат 18 години.
Во кампањата зедоа учество и јавни личности, како актерот Крис Хемсворт.
Елиот Костело, директор на организацијата, ја започнал кампањата откако се запознал со младо девојче по име Теа, којашто била жртва на физичко и сексуално насилство.
Добил идеја за боење на ноктите, откако самата Теа при една ситуација му ги лакирала нокти при игра.
„Силата да се запре оваа појава е во ваши раце“ ‐ напишал Костело на неговата интернет страница.
„Започнува со лакирање на нокти. Тој нокот потоа води до разговор. Разговорот ги инспирира луѓето. Инспирацијата води кон превенција и заштита“ – додава тој.
Досега компанијата успеала да собере над 257.000 американски долари од донации.Австралиската организација со YGAP, создала социјална кампања, која има за цел да ја повиши свесноста за насилството врз деца.
Кампањата е

Пронајдете не на следниве мрежи: