Студијата објавена во научното списание „PeerJ“ фрла ново светло на тврдењата дека жените со облини им се попривлечни на мажите од слабите девојки.
Истражувањето спроведено на повеќе од 1.300 испитаници од 10 земји покажува дека многу припадници на посилниот пол на прв поглед сепак паѓаат на послабиот тип на тела бидејќи ги доживуваат како поздрави, а слабиот изглед го поврзуваат и со плодноста.
Како пример за жените со таква фигура научниците ја издвоија Кејт Мос, односно нејзината фигура во средината на деведесетите.
Се работи за предрасуда, бидејќи вишокот на килограми не значи и дека личноста е нездрава, како што слабиот изглед не гарантира здравје, посебно ако е постигнат со нездрава прехрана.