Научете како да станете заводничка на која никој не може да и одолее!Секоја од вас би сакала да биде посакувана и да го маѓепса машкиот свет. Дали заради тоа треба да станете лоша? Еве го одговорот.
Постојат добри жени и жени кои се добри за врска. Вториов вид е желба на секој маж. Ако сакате да бидете меѓу нив, овие совети се дефинитивно за вас.
-Ограничете ја својата „луда“ страна: Мажите сакаат да велат дека жените се луди. Жените многу се лутат ако им се каже вакво нешто, но понекогаш тоа не е далеку од вистината бидејќи мажите често ги излудуваат жените. Затоа, наместо да избувнувате, обидете се секогаш да имате смирени реакции.
-Престанете да размислувате на тоа што тој мисли: Истражувањата покажале дека мажите размислуваат многу помалку отколку што жените мислат. Проблемот настанува кога жените се обидуваат да дознаат за што размислува мажот, иако тој најверојатно не размислува ништо паметно, па во својата глава тие создаваат сценарија што немаат допирни точки со реалноста.
-Мислете на своите потреби: Мажите имаат свои потреби. И жените ги имаат, но проблемот кај некои жени е што во моментот кога влегуваат во врска забораваат на тоа и се занимаваат само со потребите на нивниот партнер. Тоа кај мажите прави чувство на гушење, а кај жените чувство дека нивниот дечко не се грижи за нив. Секој треба прво да се грижи за себе, а потоа да ги задоволува туѓите потреби.
-Борете се за себе: Ако мажот е безобразен и прави работи што не ви одговараат, најлошо што можете да направите е да го игнорирате тоа и да се однесувате како се да е во ред. Мажот на кој му е грижа за вас сака да бидете задоволни. Мажот на кој не му е грижа за вас, ќе реагира лошо на секој приговор, но таков маж не сакате да имате во ваша близина.
-Дајте му шанса да објасни: Добрите девојки му даваат на својот дечко шанса да објасни зошто згрешил, а другите само викаат и не ги интересира објаснувањето. Ако објаснувањето е лошо, имате време за викање, но паметно е прво да сослушате што има тој да каже.Секоја од вас би сакала да биде посакувана и да го маѓепса машкиот свет. Дали заради тоа треба да станете лоша? Еве го одговорот.
Постојат