Мажите стануваат се попаметни и поубави?

Луќето и понатаму се подложени на природна селекција како и останатите видови, тврдат научниците, па и во модерното време преживуваат само најсилните.Бракот не го забавил природниот нагон за селекција, преживување и размножување. Експертите  истакнуваат дека неодамна откриле дека токму поради тоа мажите изгледаат се подобро и подобро.
Тие се развиваат и стануваат се попривлечни, поубави и поинтелигентни,  за да бидат се поуспешни во размножувањето. Секс со повеќе партнери ја зголемува веројатноста за подобар репродуктивен успех.
Сепак, кај жените тоа не е така.
Фински научници кои ги проучуваат луѓето и еволуцијата детално ги прегледале податоците од 6.000 Финци родени помеѓу 1760 и 1849 година.
Ги провериле нивните економски статуси, датуми на раѓање, смрт како и брачниот статус за да ги установат  факторите на природната селекција, а тоа се подоцнежните години, успешност во пронаоѓање на партнер, успешност во  размножувањето и плодноста.
Податоците биле исти и кај Финците кои живееле во град , како и кај оние кои  живееле на село.

„Потполна заблуда е дека еволуцијата одамна завршила и дека мораме да гледаме наназад за да се разбереме себе.  На луѓето и понатаму делува природната и сексуалната селекција“, објаснила Лума од Универзитетот  Шефилд.
Коавтор на студијата, др. Куртиол вели дека подобрувањето на карактеристиките кај мажите  ја зголемува успешноста за размножување и затоа тие еволуираат побрзо, додека тие особини не ја зголемуваат успешноста за размножување кај жените.
„Тоа е затоа што сексот со повеќе партнери докажано го зголемува репродуктивниот  успех повеќе кај мажите отколку кај жените. Изненадувачки, подеднакво исто се однесуа и на богатите и на сиромашните“, додава Куртиол.Бракот не го забавил природниот нагон за селекција, преживување и размножување. Експертите  истакнуваат дека неодамна откриле дека токму порад

Пронајдете не на следниве мрежи: