Мажите во хомосексуални бракови живеат подолго

Мажите во истополови бракови живеат подолго, што не важи и за женските двојки, покажало најновото истражување. Данска студија открила дека стапката на смртност кај мажите во истополови бракови драматично се намалила од 1990 –тите години, додека спротивна е ситуацијата кај женските брачни двојки, кои имаат најголема стапка на смртност. Тие најчесто умираат релативно млади затоа што се склони кон самоубиства или заболуваат од рак, велат истражувачите. Данска е прва земја во светот што го имплементира националниот закон за регистрација на истополови бракови во 1989 година. Смртноста била многу висока во текот на неколку години, но од 1996 година со ефектните третмани за лекување на ХИВ/СИДА, смртноста меѓу машките двојки паднала на ниво на неженетите или разведени мажи. Студијата, исто така, открила дека жените во истополови бракови имаат зголемен ризик од смртност поради самоубиство или рак. Истражувањето го изработил Институтот Statnes Serum во Копенхаген, а биле следени 6,5 милиони возрасни во Данска од 1 јануари 1982 година до 30 септември 2011 година.
МакфаксМажите во истополови бракови живеат подолго, што не важи и за женските двојки, покажало најновото истражување.

Пронајдете не на следниве мрежи: