Мажот побегнал, соседот ја породил жената

Откако сопругата Анета Заировиќ ја фатило паника, на патот до болница, соседот Лазар Чобановиќ и помогнал да се породи.
Па соседот бил „бабица“ затоа што и помогнал на Анета да се породи и на свет да донесе здраво девојче.
Приказната започнала на 18 јуни кога мажот на девојката Енко Заировиќ вознемирен побарал помош.
-Ми рече дека жената му се пораѓа и дека е доцна, па ме замоли да ја однесеме до болница. Веднаш појдовме. По пат и пукна водењакот. Застанав на раскрсница, па повикав брза помош и ја објаснив ситуацијата – вели Чобановиќ.
Несреќата да биде поголема мажот на Анета, бил целосно избезумен.
-Во еден момент тој во паника  викна дека породувањето започна и дека веќе се гледа главата на бебето. Па одеднаш излезе од автомобилот. Тука јас морав да продолжам, кога бебето заплака бев многу среќен.- раскажува соседот.
Неколку минути подоцна покрај нив поминале полицајци, па заедно се обидувале да најдат лекар но безуспешно. Па жената и бебето морале да ја чекаат брзата помош.
-Кога стигнале во болница, констатирале дека е родено живо девојче тешко околу 2,5 килограми. „Двете се чувствуваат добро, нема никакви компликации“- изјавила главната сестра.Откако сопругата Анета Заировиќ ја фатило паника, на патот до болница, соседот Лазар Чобановиќ и помогнал да се породи

Пронајдете не на следниве мрежи: