МЕ ФАТИ: Додека уживав со друга, мојата девојка….

Бев гад и тоа го признавам. Имав само 22 години и ја добив својата прва работа. Се преселив од село во голем град. Тогашната девојка и јас живеевме во изнајмена куќа со петорица цимери. Смените ми беа очајни. Се поретко се гледав со девојката и слободното време го користев да излегувам со пријателите. Бев премногу себичен да ги слушам нејзините молби. Една вечер ја изневерив. Деталите не се важни, неверството е неверство. И признав се, таа полуде. 
Чекавме неколку дена да одлучиме што понатаму. Имавме договор за куќата, немав каде да одам. Но исто така бев и зависен од неа, од смеењето па се до сексот со неа. Не сакав да прекинам. На крајот се договоривме да се обидеме пак, но да не живееме заедно.
А неколку недели подоцна еден пријател ми предложи да ме запознае со некоја девојка. Се согласив…
Ја излажав дека ќе излезам со пријателите. Отидов на состанок пиевме коктели, после некое време музиката се изгаси и ја забележав мојата девојка како седи наспроти мене. Стана и дојде на нашата маса. 
Беше многу смирена. Ме праша „Која ти е оваа пријателка?“. Сите гледаа во нас, еден дечко дури и снимаше. 
„Знаеш не е ни важно од овој момент си слободен. Ви посакувам убава вечер.“-тоа го кажа мојата девојка и си отиде. 
Си отиде и девојката која седеше со мене. 
Подоцна дознав дека мојата девојка го видела меилот со резервацијата. 
Уште ми е жал за тоа што и го направив, сега сме пријатели благодарение на нејзиниот карактер. Требаше да ја изгубам па да започнам да ја почитувам. Тогашната девојка и јас живеевме во изнајмена куќа со петорица цимери. Смените ми беа очајни. Се поретко се гледав со девојката и слободното време

Пронајдете не на следниве мрежи: