Ме лечеше со „интимни односи“ додека маж ми чекаше надвор: Исповед на жена на која овој гатач и го уништил животот

Гатачите во Србија се служат со секакви методи да им „помогнат“ на напатените луѓе кои им се обраќаат, а пред се да ги наполнат своите паричници. Некои од нив имаат несекојдневни и пред се непристојни „мерки“ па така еден маж кој се претставува како Триша видовитиот, на една Србинка се обидел да и ја отстрани магијата ни помалку ни повеќе туку со секс.
На овој начин е запишана најодвратната видовита измама, а жената која на овој гатач му „платила“ и со своето тело, сега ги предупредува другите да не се изгорат, бидејќи таа си го упропастила животот.
Млада жена имено, поради семејни и здравствени проблеми се обратила до видовитиот Зоран Т., таканаречен Триша видовитиот, и со тоа од својот живот си направила пекол. Во својата исповед таа тврди дека видовитиот сексуално ја злоставувал, за да и го уништи бракот и семејството и дека денес едвај оди. Таа моли, некој да го спречи овој човек во она што го работи.
Оваа жена својата исповед ја изнела на сајтот за измамени жртви од видовитите.
– Зоран Т., е најголем измамник во Србија, таканаречен Триша Видовитиот. Работи преку фотографии, по пат на хипноза, ме присили во несвесна состојба да се соблечам, ми го стави половиот орган во уста и во анус. Ми ги допираше градите, додека мојот сопруг и син, седеа пред куќата , бидејќи поединечно не внесуваше во собата….-напиша оваа лесноверна жена на еден од сајтовите за измами.
Таа вели дека долго време ова на никој не можела да го раскаже бидејќи се срамела од се што се случило…

– Oстанавме без приходи, не можам да одам, ниту да се движам по улица, ми го уништи бракот и од сите нас направи будали. На нашата куќа и нанесе многу зло и од тогаш ништо не ни оди како што треба. И денес врши притисок на мојот ум и моето тело. Правам неконтролирани работи. Ни го уништи семејство и не знаеме што ни се случува – сведочи оваа жена убедена дека гатачот и понатаму влијае на неа и дека е главен виновник за нејзиното здравје.
Ги предупредува другите дека се работи за човек кој се рекламира како некој кој може да предвидува и отстранува магии дури и по пат на фотографија.
– Верувам дека ќе плати еден ден за сите зла кои ги направил, а се надевам дека ќе заврши и во полиција – вели очајната жена.
Видовитиот кој на оваа жена магијата и ја отстранувал преку секс, сепак не е единствен кој на овој начин злоставувал невини. Пред 6 години во околината на Ваљево, лажен гатач заврши на суд бидејќи тврдел дека отстранува магија со бањање на клиентката во „магична вода“.
Клиентките голи ги бањал во ловоров лист, а на една и рекол дека нејзината магија е толку тешка што мора да ја преземе на себе и тоа ако има секс со неа. Жената се согласила на тоа, а потоа за 3 третмани, вклучувајќи и секс, му платила на видовитиот 500 евра и му дала златно ланче.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.