МЕ ПОРОДУВАА 13 ЧАСА, МИ ГО УБИЈА БЕБЕТО: Ана ги обвинува лекарите за смртта на нејзиниот син!

– Ако немаше пропуст во нивната работа, од каде повреда на неговата глава, крв во белите дробови и оштетено белодробно крило – се прашува мајката Ана Јовановиќ чие бебе почина.Ана Јовановиќ се породувала 13 часа во општата болница „Св.Лука“ во Смедерево, после што нејзиното бебе од здобиените повреди на главата и белите дробови починало во Тиршова Детската клиника, тврди младата жена.
Ана и нејзиниот сопруг Марко, за смртта на своето бебе ги обвинуваат лекарите на Општата болница во Смедерево, и против нив поднеле кривична пријава и инспекција на Министерството за здравје.
– На ултразвучниот преглед на 17 јули докторката утврди дека бебето е во правилна положба, но дека се гледа губење на плодовата течност. Покрај тоа, мене ме сместија во претпородилна соба, каде преноќив и чекав да добијам болки, кои никако не доаѓаа – вели Ана.
Во раните утрински часови се утврдило дека не е доволно отворена и одлучиле да и вбризгаат вагинална индукција.
– Докторката одлучи да ми вбризга некој вид на вагинална индукција, која допринесува за ширење на каналот на матката и карлицата. Морам да нагласам дека таа е докторка со околу 20 годишно искуство и дека не умееше да ја отвори тубата во која се наоѓаше гелот за индукција, ниту пак да го намести онака како што требаше да стои.
После некое време, како што вели, добила венска индукција и останатите денови ги поминала во болки, а дури после 17 часа докторката дошла и забележала отоци во пределот на бешиката.
– И со притискање на мојот стомак, бебето не можеше да помине, а се гледаше неговата главичка. Една од бабиците предложи да направат породување со вакум, но докторката не смееше да се осуди. После уште еден обид со притискање и мачење, се одлучија за итен царски рез. Велат дека сум се породила околу 21:10, но јас дојдов на свест околу 23 часот и тогаш дознав дека мојот штотуку роден син е во Тиршова.
– Ако немаше пропуст во нивната работа, од каде повреда на неговата глава, крв во белите дробови и оштетено белодробно крило – се прашува мајката Ана Јовановиќ чие бебе почина.
Бебето починало во 3 часот и 24 минути.
Од болницата велат дека директорот на болницата е на годишен одмор, а дека неговиот заменик е „премногу зафатен со состаноци за да се јави“.Ана Јовановиќ се породувала 13 часа во општата болница „Св.Лука“ во Смедерево, после што нејзиното бебе од здобиените повреди на глават

Пронајдете не на следниве мрежи: