Ме силуваа 460 дена, се им простив – Сега сме пријатели на Фејсбук

Канадската новинарка Amanda Lindhout (33) своевремено 15 месеци поминала во заробеништво во Сомалија, според нејзината книга за искуството од пеколот кој го преживеала наскоро и во Холивуд ќе биде снимен филм, а таа овие денови откри дека на своите киднапери и злоставувачи се им простила.Lindhout во друштво на фотографот Nigel Brennan во 2008 година во околината на главниот град Сомалија работела на еден настан, но ја киднапирале разбојници, и во заробеништво ја држеле цели 460 дена.
Преживеала, вели таа, бидејќи во главата си направила концепт за „куќа на небото“ во која би бегала во најтешките моменти на немилосрдните сексуални злоставувања. „Таму беа сите мои сеќавања и цела моја фантазија“, вели новинарката.
Опишувајќи ги своите потресни искуства од заробеништвото, вели дека се било преполно со насилства. „Беше тешко да се преживее секој ден, особено бидејќи не знаев кога и дали сето тоа ќе заврши. Ме силуваа речиси без престан.“
Но, баш во најтешките моменти доживеала, како што таа вели – будење. „Ме силуваше Абдулах, ме болеше, се обидував да се одбранам а потоа доживеав едно сосема вонтелесно искуство. Се видов самата себе си одозгора“, раскажува таа и додава дека во тој момент се спознала дека единствена работа која ја знае нејзиниот напаѓач е насилството.
Сосема е јасно дека моите киднапери се производ на војната и дека таа ги обликувала. Тоа сознание ми помогна. Тие се човечки суштества со сопствени потресни приказни. Тоа никако не значи дека се невини, но факт е дека се производ на културата на насилство, наведува новинарката за Bangor Daily News.

 

Во своите мемоари, на кои им дала наслов „Куќа на небото“, открива дека нејзиното семејство, и семејството на фотографот ангажирале приватен преговарач кој издејствувал откупнина од 600.000 долари за нивно ослободување, што не им успеа на властите на Канада и Австралија, кои преговарале без успех. Од заробеништво се пуштени во ноември 2009 година а преговарачот за себе земал провизија еднаква на откупнината.
Неколку месеци по ослободувањето Lindhout основала фондација со која финансира образование на жените од Сомалија. Еден ден како што таа вели, отишла на Фејсбук и видела дека и стигнала порака од еден киднапер кој ја пофалил нејзината работа со младите од Сомалија.
Факт е дека се свесни за работата со која сега се занимавам и можат да видат дека не успеале да ме скршат…
Тоа е најдобро чувство, на задоволена правда, заклучува Amanda Lindhout.
Повеќе околу случувањата и маките на Аманда за време на заробеништвото прочитајте на следниот ЛИНКLindhout во друштво на фотографот Nigel Brennan во 2008 година во околината на главниот град Сомалија работела на еден настан, но ја киднапирале ра

Пронајдете не на следниве мрежи: