Се наоѓам во безизлезна ситуација…Би сакала моето искуство да им послужи на девојките и жените. Без оглед колку му верувате на партнерот и колку го сакате никогаш немојте да се соглсите да бидете снимани за време на секс.
Бевме четири години во врска. Иако е доста постар од мене го засакав. Бев со него кога бил приведуван, апсен…Кога бевме заедно бев на седмо небо. Уживав… е почитуваше како и моите пријатели. Имав 25 години и доволно зрела за да расудувам. Често ме снимаше додека водевме љубов. Во почетокот не сакав а потоа му го допуштив тоа. Ме снимаше и како орално го задоволувам. Една година пред целосно да раскинеме ги заладивме односите. Ретко се гледавме, бев свесна дека тој не е човекот со кого сакам да ја поминам иднината.
Во почетокот ја прифати мојата одлука. Проблемите настанаа после три, четири месеци. Кога сфати дека никогаш повеќе нема да бидеме заедно и особено кога ме виде со друго момче. Почна да ме уценува дека порно видеата ќе ги објави на социјалните мрежи дека ќе ги испрати на мојот татко, момче, брат…Се видовме неколку пати и се завршуваше со секс…. Направив лоша проценка попуштив и се надевав дека ќе ми ги даде снимките. Но него тоа го охрабри. Испраќаше подароци правеше скандали со моето ново момче.
Немав избор морав се да му кажам на сегашното момче. Но тој не можеше да помине преку тоа и раскинавме. Нo секако не го обвинувам. Би сакала моето искуство да им послужи на девојките и жените. Без оглед колку му верувате на партнерот и колку го сакате никогаш немојте да се согл



