Пред три години, мажот, најчесто во алкохолизирана состојба, физички и психички ме злоставуваше.Секоја ноќ носев нов страв и исчекување дека ќе се појави на врата и ќе почне со навреди, понижувања, пцовки, а сето тоа завршуваше со силни удари во главата, грбот… Вака ја започнува својата потресна приказна една Србинка која со години беше жртва на злоставување.
Кога пред 25 години се омажила за сопругот, не можела ни да претпостави низ каков хорор ќе минува.
Се запознавме на село, се одлучивме за заеднички живот и сите години функционираше одлично. Но, пред три години почнаа секојдневни понижувања, вели таа.
Речиси секоја ноќ нејзиниот сопруг доаѓал дома мртов пијан, а потоа почнал фрустрациите да ги ослободува врз неа. Најмногу ја боли тоа што ова го гледале нејзините беспомошни деца.
Штом ќе дојдеше дома, почнуваше со пцуење, навреди и понижување, а се завршуваше со насилство и тешки удари, се сеќава таа. Штом ќе се отрезнеше, воопшто не сакаше да разговара за настаните од минатата вечер. Посебно ми беше тешко кога буквално ме бркаше со автомобилот, заради што бев принудена да скокнам од ѕид висок три метри и завршив во болница со тешки повреди на грбот.
Во болница морав да ја кажам причината за повредите и измислив дека паднав лошо бидејќи се плашев за мојот живот. По некое време почнав да ги пријавувам неговите напади во полиција, но, тие правеа записник и си одеа.
Останав и трпев се затоа што се надевав дека тој ќе се промени и дека еден ден се ќе биде како порано. Но, најмногу трпев заради децата.
Имав ужасни болки, мислев дека ќе ја изгубам свеста. Тогаш ми го отсече телефонот за да не можам да побарам помош. Некако собрав сила, истрчав кај сосетката и повикав полиција. Тој се обиде да ги убеди дека сум ментално болна и дека лажам, но за среќа не успеа и ме сместија во Центарот за социјална работа, по што мојот живот повторно почна да има смисла.
Таа е посебно среќна што се оправила од сите овие тортури и повторно има волја за живот. Пред тоа се плашела од се, но денес, тоа за неа е минато.
Ги разгледав документите за развод и по сите третмани и терапии се чувствувам одлично, вели таа.
По овој пресврт, таа заврши шестмесечен курс за економско оспособување, и сега се надева дека ќе добие работа за да може самостојно да живее и да заработува.Секоја ноќ носев нов страв и исчекување дека ќе се појави на врата и ќе почне со навреди, понижувања, пцовки, а сето тоа завршуваше со силни удари