Голем број на хемиски соединенија се поврзани со здравствени проблеми, но досега научниците не разбираа како овие соединенија се појавуваат во системот за водоснабдување.Ново истражување на Универзитетот во Торонто покажа дека тие паѓаат од воздухоѕ врз нашите алишта, а потоа преку перење во машина за перење се насочуваат кон водоводните капацитети.
Невозможно е од водата да се одделат сите соединенија и дел од нив се наоѓаат во езерата и реките. Оттаму во воздухот и пак врз нашите алишта. Меѓу опасните соединенија се антипирените од мебелот, компјутерите и другата опрема, како и фталати во пластиката. Антипирените имаат дејство за бавно проширување на огнот во случај на пожар, а фталатите ја зголемуваат флексибилноста, транспарентноста и трајноста на пластиката. Фталатите особено се поврзани со падот на либидото, плодноста, конгениталните дефекти.
Според истражувачите, памукот и полиестерот акумулираат фталати и антипирени. Излегува дека природните влакна акумулираат повеќе опасни соединенија од вештачките.
Фталатите можат да паднат врз облеката од домашната прашина. Затоа е важно да се задржи чистотата на домот. Но, овие соединенија треба да се изостават од производите, истакнуваат научниците.Ново истражување на Универзитетот во Торонто покажа дека тие паѓаат од воздухоѕ врз нашите алишта, а потоа преку перење во машина за перење се насо