На Меѓународниот турнир „Адем Јашари“, кој се одржа во Приштина – Косово, џудистите од Карпош се вратија дома со освоени прво, второ, трето и петто место во неколку категории. Талентираните спортисти од Џудо клубот „Ипон“, се натпреваруваа со над 300 млади џудисти од Косово, Црна Гора, Турција, Романија, Бугарија и Албанија. Во четири финални натпревари и четири борби, првото место го освои Хамза Јашари, Ерион Мехмети го освои второто место како и Агон Ганиу и Резарт Хисени, додека пак Ветон Ајдинов, Исен Демиршаји и Арбр Реџепи се вратија со освоено трето место. Џудо-надежта Ангел Ангелов го освои петтот место на Меѓународниот турнир во Косово.
На турнирот беа демонстрирани џудо вештините на карпошовите млади таленти и истиот беше многу важен натпревар кои ќе придонесе за правилен психо-физички развој на овие млади луѓе. Меѓународниот натпревар, кој беше од висок ранг, ги истакна резултатите од посветеното време на овој спорт кај младите џудисти, кои неуморно тренираа и дадоа се од себе за добро да ја претстават Македонија и својот домашен клуб. Спортска поддршка од општина Карпош за успешните џудисти кои неуморно, храбро и сигурно го освојуваат врвот на меѓународните турнири по џудо и натаму продолжува.Талентираните спортисти од Џудо клубот „Ипон“, се натпреваруваа со над 300 млади џудисти од Косово, Црна Гора, Турција, Романија, Бугар