Американските власти подигнаа обвинение против една медицинска сестра од Тексас која е во затвор поради убиство на дете во 1982 година.Властите веруваат дека таа во тоа време убила дури 60 деца.
Џенис Џонс (66) истовремено служи казна од 99 и 60 години затвор во Гејтсвил за убиство на 15-месечно девојче во 1982 година и поради предизвикување болест кај дете старо четири недели, кое, меѓутоа, преживеа.
На девојчето му дала смртоносна инјекција со мускулен релаксант, а на момчето голема доза на лек за разредување на кврта.
Властите соопштија дека против Џонс е покренато обвинение заради смрт на 11-месечниот Џошуа Соер, кои, како што велат истражувачите, починал по преголема доза на антиепилептик.
Во текот на нејзиното работење во болниците и клиниките во Тексас, децата умирале поради компликации под неразјаснети околности.
Истражувачите веруваат дека Џонс убила децата поради тоа што сите починале во текот или веднаш по завршувањето на нејзината смена.Властите веруваат дека таа во тоа време убила дури 60 деца.
Џенис Џонс (66) истовремено служи казна од 99 и 60 години затвор во Гејтсвил за