Медицинскиот техничар Дејвид Квијатковски, кој зарази десетици луѓе со хепатит Ц во четири американски држави, е осуден на казна од 39 години затвор.Од неговото апсење во јули минатата година, истиот тип на хепатит Ц, кој тој го има, е дијагностициран кај 46 луѓе.
Триесет и четиригодишниот Квијатковски призна дека крадел шприцови со лекови против болки и ги заменувал со хемиски раствор измешан со неговата крв. Тој изјави дека крадел лекови од 2002 година, па се проценува дека извршил замена на инјекции најмалку 50 пати во Њу Хемшир, најмалку 30 пати во Џорџија и повеќе од 20 пати во Канзас.
– Не ги обвинувам семејствата што ме мразат. Јас се мразам самиот себе си, истакна Квијатковски, откако ги слушнал изјавите на луѓето кои ги инфицирал и на нивните роднини.
Обвинителите барале казна од 40 години затвор, додека одбраната сметала дека 30-годишна казна би била доволна, имајќи ги предвид неговите ментални и емоционални проблеми, како и неговата зависност од наркотици и алкохол.Од неговото апсење во јули минатата година, истиот тип на хепатит Ц, кој тој го има, е дијагностициран кај 46 луѓе.
Триесет и четиригодишни