Медитирајте! Телото и духот ќе ви бидат благодарни

За наједноставно олеснување од стресот, медитацијата е совршена метода!Држење на телото
Без разлика дали седите на стол или со прекрстени нозе, потрудете се вашиот рбетен столб да е исправен. Умот и телото се испреплетени – ако вашето тело е добро избалансирано, и вашиот ум ќе биде.
 Очи
Потрудете се да ги држите очите отворени. Отворените очи ви овозможуваат да бидете поприсутни. Ако ги затворите очите поголема е веројатноста вашите мисли да одлутаат. Сепак некои луѓе сметаат дека затворените очи им даваат поголема ефективност. Затоа најдобро е да направите онака како што вас ви е најудобно.
Фокус Медитацијата е прекрасен начин на будење на нашиот живот. Ние сме склони да ги пропуштаме повеќето искуства само затоа што сме на некое друго место во нашиот ум. Во медитацијата најдобро е да се користи дишењето како централен фокус. Тоа е како еден вид на природна врата која го поврзува “надворешното” со “внатрешното”.
Броење Доколку имате потешкотии со концентрацијата и фокусирањето, пробајте да ги броите вдишувањата и издишувањата. Секогаш кога ќе забележите дека вашите мисли се на повеќе места, пробајте да броите до 33 и назад, со што враќањето до 1 ќе означува враќање во сегашниот момент.
Мисли Кога ке забележите наплив на мисли, не се обидувајте да ги запрете и блокирате. Ова може само да ви донесе фрустрација и вознемиреност. Едноставно замислете ги вашите мисли како непожелни гости кои се појавиле пред вашата врата. Признајте го нивното присуство и кажете им да заминат враќајки се постепено на вашето дишење.

Емоции Тешко е да се медитира доколку  во себе се борите со силни емоции. Тоа е  затоа што некои емоции се склони да создаваат приказни во нашиот ум. Емоциите како стравот, срамот или бесот, се најчестите создавачи на приказни. Во тој случај најдобро е да се потрудите да се фокусирате на деловите од вашето тело кои се засегнати со емоцијата. На пример, кога чувствуваме страв најчесто е тоа придружено со стегање во градите, или пак со вознемиреност во стомакот ( значи тогаш ќе се фокусираме на градниот кош или пак на стомакот).
Тишина Тишината е лек. Денес постои голем избор на музика за медитирање, меѓутоа сепак ништо не е подобро од тишината. Постои некоја цврстина и смиреност во тишината.
Должина Започнете со 10 минутна медитација. Продолжете го времето само тогаш кога ќе почувствувате дека тоа не ви е доволно. Времето на медитирање е индивидуално, затоа правете онака како што вам ви одговара.
Место Посебно задоволство ќе ви донесе местото каде медитирате. Затоа слободно декорирајте го онака како вам ви се допаѓа. Свеќи, цветови, каменчиња…изборот е ваш.
Задоволство Најважно од се е да уживате во медитацијата. Започнете од денес и направете медитирањето да биде една секојдневна рутина за вас. Бидете добри према себе.Држење на телото
Без разлика дали седите на стол или со прекрстени нозе, потрудете се вашиот рбетен столб да е исправен. У

Пронајдете не на следниве мрежи: