Се присетувам на некои случаи од 2003 до 2006 година, кога СДСМ ја вршеше власта и кога со Министерството за внатрешни работи раководеа кадри на ова партија. Во тие години беше спроведувана хајка против голем број носители на јавни функции од предходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ и беа покренати многу кривични постапки. Повеќе лица со месеци беа во притвор за наводно сторени кривични дела. Беше покренат еден невиден реваншизам кој остави тешки последици.Пижами за болните
Меѓу другите случаи, беше покрената кривична постапка против тогашниот директор на Фондот за здравство на Македонија и една лекарка – Директор на Медицинскиот Центар од Гевгелија. Главен мотив на целата постапка беше тоа што Фондот за здравство одобрил средства за купување на одреден број пижами на Медицинскиот Центар во Гевгелија. Тие пижами биле набавени по цена од окулу пет илјади денари, поради што директорот на Фондот и директорката на Медицинскиот центар биле обвинети за злоупотреба на положбата со купувањето на тие пижами по така висока цена. Долго време поминале во притвор. На осумничената директорка, дури и беше проблематизирано присуството на погребот на нејзиниот татко, за кого се грижела.
Од пижами до долна облека
И еве сега до каде стигнаа работите, од пижамите до долната облека!. Пижамите биле набавени за болницата, а гаќите, односно “долниот веш” биле набавени за управителката на една од фирмите, како што објасни во топ-тема на Телма на 23 март главниот советник на специјалната обвинителка Александар Тортевски, ем советник, ем адвокат. Јавноста смислено се фокусира на долната облека и накитот на управителката. Главниот советник на обвинителката Катица Јанева веќе по брза постапка го пресуди случајот “Тифани”, со намера да се прикрие недостатокот на факти и докази за сторено кривично дело. Кој го овласти за штотуку објавен случај да обвинува и пресудува и јавно да изнесува непотврдени податоци, кои не можат да се тврдат и јавно да се изнесуваат без спроведена постапка пропишана со закон. За него, важно e да има случај и на тој случај да се фокусира јавноста, да се фокусира јавноста на “долниот веш”.
Специјалниот советник на обвинителката Катица Јанева, неводејки сметка ниту за презумпцијата на невиност, ниту за тајноста на постапката, ниту за заштита на правата на осумничените лица, се стави во улога на истражител, обвинител и судија. Набавената женска долна облека на вредност од 500 евра, за него е крунски доказ за сторен тежок криминал и нешто многу страшно и загрозувачки за општеството. Гатанката однапред ја знаеја репортери на одбрани “независни медиуми”, кои со подготвени сценарија уште истиот ден се сјатија по бутици да прашуваат колку чинат едни гакички и колку долна облека можела да се купи за 500 евра. Срамно и жалосно. Паднаа пониско од дното, во амбис. Целта е јасна, да се подгрева случај во јавноста и да се влијае на јавното мислење, исто како што беше со пижамите. За да се постигне целта не се бираат ниту начин ниту средства. Што е целта?
Диме поштарот повторно меѓу нас
Во 2004 година Диме поштарот, еден човек од околината на Скопје, се барал за сторени ситни дела, и како да е најголем непријател на државата беше застрелан од полицијата по наредба на предпоставениот функционер.
И еве, Диме поштарот денес е повторно меѓу нас. Како што тој беше застрелан, денес на мета за “отстрел” се најголемите непријатели на Зоран Заев, како што самиот ги посочи телевизиите Сител, Канал 5, Алфа и МТВ, а деновиве “идеолози” од типот на Сашо Ордановски тој список го дополнуваат и со Курир, Нетпрес, Репубилка и други. Тој отстрел сега го врши Специјалното јавно обвинителство и Катица Јанева како инструмент во рацете на екзекуторот Зоран Заев, кој не бира ниту средства ниту начин да се докопа до власта, жртвувајки ги и највиталните вредности на државата. Многу му пречат телевизиите и порталите кој не се под негова контрола и маат критички однос спрема неговата погубна политика.
Сеад Кочан и ТВ Нова први на удар
”Големиот борец” за демократија и слобода Зоран Заев прва за отстрел ja одбра ТВ НОВА и нејзиниот основач и сопственик Сеад Кочан. Се фабрикуваше случај за сопственикот на телевизијата, со цел да се замолчи телевизијата, која внесе светлина и вистина во домовите на граѓаните. Ова телевизија е трн во окото на Зоран Заев и врхушката окулу него и по секоја цена сакаат да ја замолчат.
Со манипулации и закани, спротивно на Законот за Кривичната постапка и Меѓународната конвенција за човекови права и основни слободи, на Сеад Кочан му се креира случај и му се определува мерка притвор поради измислен основ, дека може да се даде во бегство. Определена му е мерка притвор на семеен човек со беспрекорно минато, на човек кој никогаш не дошол во судир со законот и никогаш не бил осудуван или казнуван, на бизнисмен и хуман човек кој помага на општеството и граѓаните, на Бошњачката заедница на која и припаѓа. И покрај сите утврдени околности дека нема никавви докази и факти за сторено кривично дело и дека нема никаква штета, упорно се тврди една бессмислица дека била прибавена имотна корист од 17 милиони евра, колку што изнесувала вредноста на тендерот. Најгрубо и највулгарно се негира дека се завршени сите работи од тендерот. Фирмата на Сеад Кочан на извршување на преземените обврски работела неколку години со потребниот машински и стручен и работен персонал. Што ќе беше ако не беа изваршени сите работи на одкоп на јаловината, од каде ќе се копаше јаглен ја електарните?
Советникот на Катица Јанева и обвинител и судија
Главниот советник на обвинителката Катица Јанева адвокатот Александар Тортевски веќе му пресуди и на случајот “ТОТАЛ”. Истиот ден кога се објавија новите финансиски истраги во дебатата на ТВ Телма, на Јадранка Костова и било малку смешно што не биле спомнати имињата на двајцата медиумски работници, а тие биле Драган Павловиќ Латас и Ивона Талевска, “паразити налепени на државата”, како што прокоментира советникот на Јанева. Тој отиде и многу подалеку од тоа и тврди дека Латас “си наплатувал просечно месечно по 30 илјади евра”, a ова сума не е “занемарлива ни за Германија”. На толку пари, да не платите данок од 8,9% “или сте идиот или себична будала“.
Кој е идиот и будала? Советникот Тортевски како долгогодишен адвокат би требало да знае дека лице обвинето за кривично дело се смета за невино се додека неговата вина не се докаже со правосилна судска пресуда и сите се должни да се придржуваат на ова правило и со своите јавни изјави не смеат да ги повредат правата на обвинетиот (член 2 од ЗКП). Осумничениот не смее да се омаловажува и навредува. Дали овој советник има некои специјални овластувања да омаловажува и навредува од името на СЈО кое ја покрена постапката и кое го советува? Обвинителката Фатиме Фетаи не наведе никави средства што Латас ги наплатувал и тоа 30 илјади евра просечно месечно. Дали советникот знае повеќе од обвинителката? Дали знае дека секое неплаќање на данок не е кривично дело даночно затајување, бидејки согласно член 279 од Кривичниот законик, за постоење на ова кривично дело е потребна намера за целосно или делумно избегнување плаќање на данок. Доколку се работи за неплатен данок, има законски инстументи да се наплати тој данок. Секој што сторил кривично дело треба да одговара, но никој не може однапред да биде осуден пред тоа да се утврди во судска постапка.
После ТВ Нова, денес на удар се Сител и Вечер, а утре кој?
Ова што се чини, се најпримитивни подметнувања и конструкции. Целта е сосема јасна. Отпочна фронтален напад на медиумите кои Зоран Заев ги смета за негови најголеми непријатели. Прво удри на ТВ НОВА, сега на Сител и Вечер, преку нивните главни и одоворни уредници. Тука е СЈО, со кое може да манипулира кога сака и колку што сака. Бидејки сметаат дека работите добро им тргнаа, се охрабрија и денес на големи звона најавија дополнување на списокот со Канал 5, Нетпрес, Курир, Република и слични, значи има уште медиуми за отстрел. Треба да се заплашат и да се замолчат сите медиуми во Македонија, се разбира, освен оние финансирани и под контрола на Соросовата фондација отворено општество и УСАИД. И емисии од топ-тема на Телма се финансираат со подршка од УСАИД, а тејлопот бргу, бргу се тргнува од екранот.
Сите медиуми можат да бидат цел на напад со смислени сценарија и прогон, само неможат медиумите финансирани од Фондацијата на СОРОС, од средствата на американските даночни обврзници од УСАИД и други извори за финансирање на “невладиниот сектор” и нивните медиуми. Соросоидите не се откажуваат и жилаво се борат за милионите долари и нивните лични интереси, да стекнуваат големи средства на име надоместоци, дебели хонорари, грантови и донациии, без контрола и без надзор на работата и да работаат на штета на виталните интереси на државата и граѓаните на Македонија. Многу се лажат ако мислат дека медиумите ќе ги исплашат и дека на тој начин ќе ја убијат вистината.
Можете ли да погодите кој е следниот медиум за отстрел?
Михајло МаневскиПижами за болните
Меѓу другите случаи, беше покрената кривична постапка против тогашниот директор на Фондот за здравство н