Во кумановскиот ресторан „Гарден Палас“, вчера рано утрото во 01.00 часот по полноќ, пратеникот на СДСМ, Максим Димитриевски, предизвикал тепачка при што физички нападнал момче на возраст од 23 години нанесувајќи му телесни повреди. Ваквиот насилнички чин на функционерот на СДСМ се обидоа да го затскријат и спинуваат медиумите под контрола на СДСМ/Сорос, кои од Димитриевски од насилник сакаа да направат жртва.Лажните вести од медиумите на Сорос беа пласирани во текот на целиот ден, па така се редеа разно разни наслови: „Димитриевски нападнат од полицајци во цивилка“ , „Пратеникот Димитриевски нападнат од полицајци во кафеана“ и слични.
Медиумите под контрола на СДСМ, а финансирани од Сорос, секогаш кога треба јавноста да се изманипулира за одредена вистина во хор ги објавуваат своите манипулации, така беше и сега.
Ваквите лажни вести и дезинформации беа демантирани од МВР, а во дневниот билтен на Министерството јасно пишува како се одвивал настанот.
„В.А. физички бил нападнат од страна на лицето М.Д. од Куманово, кој во два наврати му удрил тупаници во пределот на лицето при што му нанел видливи повреди. Полициските службеници од СВР Куманово излегле на местото на настанот и констатирале дека оштетениот со своите пријатели бил гостин во ресторанот и на музиката им порачал одредена песна, но по кратко време кога музиката престанала, истиот се упатил кон оркестарот за да праша зошто запреле, и му се приближило лицето М.Д. кој исто така бил на семејна прослава, и во присуство на повеќе гости го удрил во пределот на лицето два пати со што му нанел телесни повреди. При превземање на потребните мерки и активности обезбедени се лица сведоци кои биле присутни за време на настанот кои го потврдуваат истиот. Пријавениот настан е расчистен и против сторителот М.Д. ќе биде поднесен соодветен поднесок.“, стои во билтенот на МВР.
Ваквите испади на хистерија и вандализам на функционери на СДСМ доаѓаат по големото противење на народот тие насила да формираат Влада врз база на Тиранската Платформа и спротивно на Уставот.
Вчера медиумите излегоа и со фотографии од тепаното момче, на кои се гледаат повредите во пределот на долниот дел од главата.
Нападнатиот имаше и изјава пред камерите на регионалната телевизија во Куманово.
-До инцидентот дојде кога музичарот дојде кај нас да свири, си порачавме македонска песна. Тогаш дојде Максим, се приближи на нашата маса. Културно му кажавме дека не сакаме да биде со нас тука. Тој си отиде, го викна музичарот и ни ја изгаси музиката. Потоа отидов да прашам зошто го сторил тоа? Тој почна да не навредува, да не пцуе и го прашав зошто прави така? Се заврти кон мене, ми удри два бокса и потоа викнавме полиција, тврди нападнатото момче.
Лажните вести од медиумите на Сорос беа пласирани во текот на целиот ден, па така се редеа разно разни наслови: „Димитриевски нападнат