„Со овој поднесок како бранители Ве известуваме дека за одбрана се уште не се створени законските претпоставки да одлучи дали осомничената ќе даде свој исказ, од причини што на одбраната се уште не и е одобрен увид во списите од предметот, иско тое е во неколку наврати побарано и тоа со Поднесок од 22.06.2016 година и Ургенција од 25.07.2016. Уште еднаш нагласуваме дека доказот распит на обвинет исклучиво има право да го предлага одбраната“.Ваков поднесок, поткрепен со документи испратила одбраната на Јанкулоска до Катица Јанева со што на виделина излегува уште една лага и манипулација на СЈО изречена преку медиумите под контрола на СДСМ/Сорос.
Имено во изјава за телевизијата 24 Вести, портпаролот на СЈО Ленче Ристовска вчера рекла, а потоа беше пренесено преку сите портали кои работат по налог на СДСМ/Сорос дека „Изјавата на Јанкуловска што ја даде пред камерите дека не и било овозможено увид во доказите е крајно неточна и некоректна, бидејќи воопшто не станува збор за скратување на правото“. Во својата изјава Ристовска потоа се правда дека СЈО и го предочило правото на увид, што се гледа дека е сосем неточно од дописите до кои што дојдовме.
Во последниот Поднесок стои и констатацијата дека „На одбрната не и е овозможено вршење на увид во списите на предметот, а од досегашната пракса на ова обвинителство, истото дозволува само рачно забележување на доказите, за што е потребен поголем временски период, Со тоа се ускратува правото на ефикасна одбрана и генерално правото на фер судење“.
Одбараната, исто така истакнува и Приговор на начинот на повикување бидејќи покана била врачена ден пред закажаниот распит, што не остава време соодветно да бидат комуницирани бранителите заради остварување на правата на одбраната.
Дали Ленче Ристовска намерно дала лажна изјава на 24 Вести или по грешка прикрила важна информација дека и претходно бил баран увид во списите кој не бил дозволен од СЈО, се обративме со директно прашање до Катица Јанева.
Како и секогаш кога се во прашање медиуми кои не се под контрола на СДСМ/Сорос и кои критично ја опсервираат работата на СЈО, од таму се сокрија зад празни флоскули и го избегнаа одговорот.
На прашањето:
„Почитувани, во врска со вашата изјава објавена од телевизијата 24 Вести на следниов линк.
Ве замолуваме да ни одговорите:
Дали претходно добивте барање за увид во доказниот материјал од страна на одбраната за овој случај и кога?
Очекуваме ваш одговор,
Со почит редакција на КУРИР“
Од СЈО одговорија:
„Согласно членот 206 од Законот за кривичната постапка, пред секое испитување осомничениот задолжително се информира и се поучува за правото на увид во списите и правото да ги изнесе сите факти и докази кои му одат во полза. Во оваа насока е и веќе воспоставената пракса.“
Ова е веќе втор скандал во изминативе два дена во режија на СЈО и медиумите под контрола на СДСМ/Сорос.
Во првиот, кој наиде на потсмев и неверување и во стручната и во целокупната јавност, Катица Јанева, спротивно на Уставот и праксата во сите демократски земји, сама ја прогласи Јанкулоска за виновна и преку Телма и порача доколку сметала дека е невина на нејзе да и ги доставела доказите дека не е виновна. Преседан каков што не се случил никаде во светот.Ваков поднесок, поткрепен со документи испратила одбраната на Јанкулоска до Катица Јанева со што на виделина излегува уште една лага и манипулација