Медиумите СДС и Сорос лиферуваат лажни вести за ВМРО- ДПМНЕ

СДС деновиве откако ја презедоа власта, во недостиг на идеи што да направи, решија да лиферуваат лажни вести за ВМРО-ДПМНЕ и наводното луксузирање, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во врска со лажните вести, како што велат, објавувани на медиумите СДС/Сорос.Најпрво, како што се наведува во соопштението, започнаа со тоа дека ентериерот и реконструкцијата на Владата била премногу луксузна.
– Оваа реконструкција е извршена пред повеќе од две години. Во овие две години двајцата технички министри и тројца технички заменици министри на СДС кои беа со право на вето, но и новинарите на СДС/Сорос безброј пати беа во истите простории. Освен дека се репрезентативно реновирани, не видовме и не чувме ниту еден друг коментар, стои во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека зградата на Владата на Република Македонија е реновирана првпат откако е изградена и целиот нејзин ентериер е репрезентативен како за објект од таков ранк и нема ништо луксузно.
– За да ја покрие својата безидејност и неработење уште во првите денови од власта, СДС пушти делумно лажни и делумно вистинити фотографии од објектот на Владата и ентериерното уредување. Манипулативни и лажни беа сликите кои се појавија во дел од медиумите дека во објектот имало позлатени чешми, тоалети. Објавуваа и слики од елитни хотели низ светот преставени како дел од ентериерот во Владата, стои во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека целото реновирање на објектот на Владата беше спроведено по објавен јавен повик, јавен тендер и електронска аукција, при што е одобрена најниската понуда.
– Најголемата глупост која ја слушнавме во првите пет дена од власта на СДС е дека со рушењето на оградата на Владата, тие ќе биле поотчетни и отворени кон граѓаните. Оградата на Владата е ставена заради безбедносно-терористичка заштита. Прашање е зошто штабот на СДС е забарикадиран со еден куп рампи и огради, додека седиштето на ВМРО-ДПМНЕ нема ниту една ограда или рампа, дали тоа значи ВМРО-ДПМНЕ е потранспарентна од СДС, се наведува во соопштението.
Од ВМРО-ДПМНЕ пососчуваат дека кога ги креираат лажните вести за партиските седишта, медиумите на СДС/Сорос забораваат дека поголемиот дел од штабовите се наследство од комунистичката партија или ги прибави бесплатно од државата или општините.
– СДС гради црна пропаганда против ВМРО-ДПМНЕ се со цел да се прикрие безидејноста и да ја дефокусира јавноста од ветувања кои ги даваа пред изборите, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.Најпрво, како што се наведува во соопштението, започнаа со тоа дека ентериерот и реконструкцијата на Владата била премногу луксузна.
&ndash

Пронајдете не на следниве мрежи: