Шпанските медиуми веќе пренесуваат дека е постигнат договор меѓу екипите на Тотенхем и Реал Мадрид околу трансферот на велшанецот Герет Бејл во кралскиот клуб.Реал наводно е подготвен да понуди речиси 100 милиони евра и да ги сруши сите рекорди кога станува збор за трансферите.
Се вели дека претседателот на Тотенхем го прекинал својот фамилијарен одмор и се вратил веднаш на работа во Лондон, ситуацијата е мошне јасна, можно е да следи историски трансфер кој ќе одекне силно во сите светски медиуми.
Од друга страна, како „договорени“, исто така и англиските медиуми веќе пласираа информација во медиумите дека трансферот на Бејл во Реал Мадрид е само прашање на време, бидејќи и двата тима се многу близу до договор.
Инаку Тотенхем беше подготвен да му ја зголеми платата на велшанецот двојно повеќе, меѓутоа од друга страна англискиот премиерлигаш неможе да му ја исполни желбата на велшанецот , а тоа е Лигата на Шампионите, која во моментов е недостижна за овој тим кој не успеа да избори пласман во ова елитно натпреварување.
Реал најпрво испрати фантастична понуда која ретко кој би ја одбил, Коентрао и Ди Мариа и плус додатни 60 милиони фунти, но Тотенхем ја одби. Втората беше 85 милиони евра, но и таа беше одбиена. Но, третата е веќе на граници над реалноста – 100 милиони евра, кои доколку ќе бидат „договорени“ ќе бидат трансфер историја.Реал наводно е подготвен да понуди речиси 100 милиони евра и да ги сруши сите рекорди кога станува збор за трансферите