Француските медиуми како телевизијата „Бе-Еф-Ем-Те-Ве“ и весниците „Монд“ и „Кроа“ решија веќе да не објавуват фотографии од бомбаши-самоубијци, со цел да се избегне евентуалното посмртно хероизирање, како и ставање на исто рамниште на жртвите и терористите, јави БТА.– По нападот во Ница одлучивме да не објавуваме фотографии на извршители на масовни убиства, со цел да го избегнеме евентуалното славење по нивната смрт, истакна директорот на „Монд“, Жером Фенолио.
Властите во познатиот туристички град Кан, на Азурниот брег, денеска забранија носење на големи чанти и багаж на плажата, како превентива за спречување на можни напади.
Градоначалникот Давид Линар прецизира дека мерката се однесува на крајбрежјето на целата општина и ќе биде во сила до 31 октомври.
Организаторите на пивскиот фестивал „Октоберфест“ во германскиот град Минхен го поддржаа воведувањето на забраната за носење на ранци, за да ја гарантираат безбедноста за време на фестивалот за пиво.
По четирите напади во Германија, минатата недела градскиот совет на Минхен одлучи да ги разгледа мерките за безбедност на годишниот фестивал на пивото, што треба да почне на 17 септември.
Градначалникот на Минхен, Дитер Рајтер изјави вчера дека локалните власти ќе разговараат под прашањето дали треба да се забрани носење на ранци.– По нападот во Ница одлучивме да не објавуваме фотографии на извршители на масовни убиства, со цел да го избегнеме евентуалното славење по н