Иако сдсмовските медиуми, но и дел од Албанците се обидуваат да ја протнат албанската платформа на мала врата, сепак низа изјави на самите албански политичари, како и лидерот на СДСМ Зоран Заев и неговите медиумски идеолози покажуваат дека платформата е ралност и основа за формирањето на идната влада.Македонскиот народ и претседателот Иванов ја препознаа играта која се спроведува против македонската држва и токму поради тоа народот секојдневно масовно излегува на улиците да го искаже својот револт и да предупред од катастрофалните последици доколку евентуално дојде до формриање на влада и спроведување на платформата направена во туѓа држава.
Јавноста добро ја памети изјавата на Ахмети веднаш по донесувањето на платформата, кога изјави дека или платформата од Тирана целосно че се прифати, или Влада во Македонија нема да има. Неговата десна рака во ДУИ, Артан Груби пред само два дена изјави дека платформата е прифатена од СДСМ и таа ќе се реализира.
-Знаете што е битно кај платформата, битно е што е прифатено и што ќе се реализира. Прифатена е од СДСМ, рече Груби.
Освен воведување на целосна двојазичност на територијата на Македонија и изедначување на албанскиот со македонскиот јазик, платформата предвидува и „Решавање на спорот со името, во согласност со европските вредности и принципите на меѓународното право“
За планот за промена на името говореше и сдсмовскиот идеолог Љубомир Фрчкоски пред неколку дена во „Топ Тема“ на Телма. Фрчкоски истакна дека оваа година е потребен влез во НАТО и затоа мора нешто да се направи по прашањето за името.
-Со американските партнери ние мора нешто да направиме околу името и влез во НАТО оваа година. Нешто мора да се направи на тој план. Влез во НАТО ќе не дигне на едно ново ниво. Тука нешто мора да се направи, дали со решение за името, дали со ФИРОМ, како не знам, ама ќе има начин ќе има шанса, ќе се постави на маса тоа и треба таа шанса да ја грабнеме. Нас ни треба НАТО оваа година, вели Фрчковски.
Со ова Фрчковски практично го открива и вториот дел од планот на Зоран Заев кој покрај воведување на двојазичност и федерализација на Македонија, планира да го промени и името на државата.
Интеграција во Европската Унија и НАТО се бара и во Платформата на албанските партии потпишана во Тирана, но без да биде прецизирано како Република Македонија би станала дел од Унијата. Прашањето за името односно неговото решавање, исто така се споменува во Платформата, при што се бара вклучување на Албанците во директните преговори во Грција.
Воведувањето двојазичност на целата територија на Македонија е прва работа која е договорена да се реализира, а понатаму ќе следи и промена на државните симболи, химната и знамето.
–За тие точки се дискутирало и се усогласени, рече Османи, а одговарајќи на прашањето дали тоа значи сите до една, Османи додаде:
–Освен темите кои се однесуваат на промена на Уставот. Тие теми бараат македонско-албански дијалог за да се овозможи инклузивен процес…
Заев во вчерашното најново обраќање и недоделувањето на мандатот од страна на Иванов остана на ставот и не се откажа од албанската платформа.
Од ВМРО-ДПМНЕ ставот е јасен, ееализацијата на платформата од Тирана и обидите преку наметнувањето на албанскиот јазик како официјален, претставува редефинирање на Република Македонија и оди спротивно на мултиетничкиот карактер на државата, ставајќи ги припадниците на останатите етнички заедници во подредена позиција.
Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ анализирајќи ја актуелната политичка состојба заклучи дека неповратно е погазено правилото на коалицирање на победничките партии во македонскиот и албанскиот блок, без разлика дали ДУИ ќе одлучи да коалицира со СДСМ или само ќе даде поддршка за формирање на малцинска влада на СДСМ без учество на ДУИ во идната извршна власт.
-Дел од членовите на Предлог законот за јазици на кој што се согласил СДСМ, а беа обелоденети во медиумите, се целосно неприфатливи за ВМРО-ДПМНЕ и исклучително опасни и штетни по државните и националните интереси. Ваквите предлози и отстапки на СДСМ може да предизвикаат долгорочна штета и носат огромен потенцијал за да предизвикаат тензии и нестабилност на подолг период. Истовремено, голем дел од решенијата кои беа обелоденети со ништо нема да им помогнат за подобар живот на Албанците во Македонија. Одговорноста за ваквата ситуација е целосно на товар на СДСМ кој не ја доби поддршката од граѓаните на предвремените парламентарни избори и се обидува на срамен начин, преку тргување со државните и национални интереси да обезбеди поддршка за формирање влада, соопштија од партијата.
Македонскиот народ и претседателот Иванов ја препознаа играта која се спроведува против македонската држва и токму поради тоа народот секојдневно м