Медот ги лекува акните

Упорните акни можат да бидат третирани со мед, сметаат експерти од универзитетот во Оклахома. Фактот дека медот има уникатни лековити својства не е тајна. Една лажичка мед ги намалува болките во грлото, па дури може да ги смири нервите. Доктор Сара Медокс од Универзитетот во Оклахома објаснува дека хранливите материи содржани во медот помагаат против различни воспаленија на кожата.

Ова се однесува и за акните, тврдат научниците, според кои медот може да биде многу поефикасен од медицински третман. При најмалото воспаление на кожата се појавуваат бактерии, а медот е во можност да допринесе да престане формирањето на микроорганизми. Меден нектар содржи фолна киселина, која придонесува за производство на антитела, објаснуваат експертите.
Прочитајте повеќе: Маска со мед за убава кожа
Упорните акни можат да бидат третирани со мед, сметаат експерти од универзитетот во Оклахома.

Пронајдете не на следниве мрежи: