Мегафоните на СДСМ со говор на омраза кон Куранот и сите муслимани, го прогласија исламот за фашизам и нацизам

Продолжуваат досега невидените навреди кон сите муслимани и кон исламот од страна на водечките и најпознатите членови на СДСМ. Во своето најново обраќање преку Фејсбук, Каролина Ристова – Астеруд од СДСМ го изедначи исламот со злосторничките идеологии како фашизмот и нацизмот. 
 
Зборувајќи за Македонија, цитирањето на Куранот од страна на муслиманите Каролина Ристова Астеруд го смета за “идеологија која не е социјалдемократска, туку се вика со едно чадор име – политички ислам / исламизам, а во нејзините најекстремни форми се исламо-фашизам / исламо-нацизам”.
– Па и за тазе “откриен” политичар и тазе-печен “социјалдемократ” многу ќе да е утката, кратерска. Тоа не само што е антитеза на социјалдемократијата, туку на сите други современи, легални и легитимни европски идеологии, како и антитеза на самиот уставен поредок. И овде, и во цела Европа, баш на ист начин како што беа и се антитеза нацизмот и фашизмот, пишува Астеруд.
Според Астеруд, кога муслиманот го цитира Куранот и пророкот Мухамед, со тоа станува исламист, порачувајќи им на муслиманите дека нивните верувања и нивната исламска религија „плаче за реформи“, а кога станува збор за исламот и муслиманите, според Каролина Астеруд “треба да се признае проблемот”.
Ристова – Астеруд им порачува на муслиманите и припадниците на исламската вероисповест што таа ја нарекува идеологија, дека “социјал-демократијата е антитеза на таа идеологија, исто како што останува да биде и на “лаичките” верзии на фашизам и нацизам”.

 
Инаку, Ристова- Астеруд, која е професорка од Правниот факултет доаѓа од највисоките редови на СДСМ. Долги години Ристова -Астеруд беше пратеник во Собранието на Република Македонија, како и член на највисоките тела на СДСМ како Централниот одбор и Извршниот одбор.
Каролина Ристова Астеруд беше активен учесник во Шарената револуција на СДСМ и Сорос организациите, рамо до рамо со Зоран Заев и нејзините долгогодишни пријатели Радмила Шекеринска и Јани Макрадули.
 
На социјалните мрежи е пријателка со Андреј Жерновски, Ѓорги Спасов, генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски, главниот сдсмовски идеолог Љубомир Фрчкоски и многу други водечки луѓе на СДСМ.
СДСМ веќе два дена не се оградува од ваквите скандалозни ставови на Ристова – Астеруд.

Мегафоните на СДСМ со жестоки напади кон сите жени муслиманки со марама
Претходно, мегафоните на СДСМ/Сорос тргнаа во отворена хајка против сите жени од исламска вероисповест кои од верски причини и лични убедувања носат марама на главата. Таков е примерот со доскорешниот шеф на центарот за комуникации на СДСМ Ивор Мицковски.
Мегафонот на СДСМ на неговиот фејсбук профил директно се обрати до Мухамед Зекири и неговата сопруга, но и до сите жени муслиманки кои носат марами:
„Зекири, за кој ку*ац ќе ни се социјалдемократи ко тебе. Ало бе мајсторе, држиш забулена жена… Заостанато општество… Иди у Саудиска Арабија…“.

Ова е отворена навреда кон сите жени со исламска вероисповест, кои се нечии баби, мајки, сопруги, сестри или ќерќи и кои порано или сега носат марама на главата.  Ова е жестока навреда од гласноговорниците на СДСМ за многу Албанки, Турчинки, Македонки со исламска вероисповест, Ромки, припаднички на бошњачката заедница… 
 
Зборувајќи за Македонија, цитирањето на Куранот од страна на муслиманите Каролина Ристова Астеруд го смета за “

Пронајдете не на следниве мрежи: