Меѓу осомничените во акцијата на МВР за случајот „Шпион“ е и новинарот Зоран Божиновски, но тој се уште е недостапен за полицијата. Новинарот Зоран Божиновски се водел под името „Луди Милојко“.
Според првичните информации осомничените соработувале со странски безбедносни служби, ја шпионирале државата и уценувале поединци, на кои им се заканувале дека се ќе објават по портали.
Покрај Божиновски се наоѓа и екс директорот на Агенцијата за перење пари, Бане Цветанов кој според неофицијални информации се водел под името „Мачор“.
Според последните информации, организираната група во која биле и шефот на кабинетот на собранискиот спикер, режисерот од контрабанда и неколку поранешни разузнавачи, работела за повеќе странски служби.
Покрај тоа, МВР известува дека тие имале организирано своевидна паралелна служба за пренесување на информациите.
МВР во становите на осомничените пронашла мобилни телефони, лап топи, мемориски катички, УСБ-стикови, како и 16 парчиња оружје. Новинарот Зоран Божиновски се водел под името „Луди Милојко“.
Според првичните информации осомничените соработувале со ст