Во големата акција на МВР која е актуелна од утрово, а позната како „Шпион“ се приведени 17 лица, меѓу кои и екс генералниот директор на „Бетон“, Мичо Насковски. Според информациите на МВР, во оваа голема акција се уапсени голем број познати имиња.
Генералот Горан Стојков, поранешниот функционер од Агенцијата за разузнавање, Аце Диневски, екс директорот на Агенцијата за перење пари, Ване Цветанов, шефот на кабинетот на Трајко Вељановски, Марјан Маџовски, се само дел од звучните имиња кои излегоа во јавноста како уапсени во големата акција на МВР.
На сите овие им се придружува и екс генералниот директор на „Бетон“, Мичо Насковски, како и режисерот Борис Дамовски, авторот на анимираниот сатиричен филм „Еднооки“.
МВР на својата прес конференција соопшти дека вкупно се осомничени 22 лица за шпионажа и злосторничко здружување во Македонија.
Членовите на групата поседувале цели архиви на класифицирани документи, со кои ја шпионирале државата и уценувале поединци. Меѓу себе биле координирани од своевидна паралелна служба.
Полицијата пронашла 16 парчиња оружје и 27 лап-топови, како и УСБ-а мемориски картички.Според информациите на МВР, во оваа голема акција се уапсени голем број познати имиња.
Генералот Горан Стојков, поранешниот функционе