Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Превенцијата е клучна за спасување на човечките животи и живеалиштата

Силните поплави што го погодија Скопје во август 2016 година и Тетово во август 2015 година, како и поплавите предизвикани од излевањето на реките во Пелагонија во февруари 2015 година се дел од една поширока состојба која го прави Западниот Балкан еден од регионите во светот кои се најподложни на природни катастрофи. Но, според најновиот регионален извештај на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), ништо не е неизбежно. Превенцијата е одговорот: инвестирање во инфраструктура од заштитен карактер, како и попаметни практики, можат да ги спасат  животите и имотот.  Извештајот насловен како „Градење на отпорност на ризик во Западен Балкан“ вели дека во катастрофите во Западен Балкан, само во последните две години, е погодено 15 пати повеќе население, и се предизвикани 30 пати поголеми економски штети споредено со цел период од 2000 до 2013 година. Најголеми штети нанесоа поплавите во Босна и Херцеговина, Хрватска и Србија во 2014 година, а додека напорите за обнова, поддржани од меѓународни донатори, се обидуваат да го нормализираат животот, Западниот Балкан и натаму останува високо подложен на природни катастрофи.
„Во текот на последните две децении, во вакви катастрофи на глобално ниво загинаа повеќе од 1,3 милиони луѓе и е предизвикана материјална штета во вредност од над 2 трилиони американски долари“, изјави постојаниот претставник на УНДП во земјата, Луиза Винтон. „Овој извештај посочува дека преземањето на поактивен и превентивен пристап кон ризикот помага во заштитата на животите и изворите на животна егзистенција на луѓето кои живеат во овој регион и ќе помогнат да се заштити постоечкиот и иден развој и инвестиции во регионот.
Високата бројка на жртви во поплавите во Скопје на 6 август 2016 година го потенцираше значењето на концептот „Преживеј за да раскажеш“, кој е тема на овогодишниот Меѓународен ден за намалување на ризиците од катастрофи. Овој слоган ја нагласува важноста за јавната свест и подготвеност, која заедно со инфраструктурата од заштитен карактер, како на пример одводните канали во случај на бура, како клучни компоненти во сите напори за намалување на ризиците од катастрофа. Знаејќи што да се направи (и што да не се прави) во случај на екстремни временски услови, може да ја направат разликата меѓу опстанокот и трагедијата. Свесноста и подготвеноста ќе стануваат уште позначајни бидејќи климатските промени ги прават катастрофите се помалку предвидливи.
„Три катастрофални поплави во период од 18 месеци: ова е порака со која што климатските промени излегоа целосно од рамките на екстремните временски услови“, објаснува Винтон. „И додека намалувањето на ризикот од поплави е приоритет насекаде за УНДП, влоговите овде и низ целиот Западен Балкан се исклучително високи.
Спречувањето на поплавите е основата на програмата на УНДП. Во последните две години, Системите за брза проценка на ризик од поплави, се имплементирани во три најризични речни сливови – Црна, Струмица и Пена, како и за поројните планински потоци во Полошкиот регион, Водно и Скопска Црна Гора.
Употребата на хидрауличното моделирање, сателитско мапирање и симулација на поплави во урбаните и руралните области, како и економската проценка на штетите од поплавите и трошоците за инфраструктурата потребна за да штити од поплави, помогнаа во откривање на високоризичните области и преземање на приоритетни мерки за превенција од поплави.
УНДП во моментот гради и врши реконструкција на инфраструктурата за спречување поплави во сливот на реката Струмица, со помош на средства од Швајцарската Агенција за развој и соработка. Со поддршка на Министерството за локална самоуправа, УНДП врши поправка и проверка на браните на реката Пена со цел да се заштити тетово од поплави, со мерки што треба да се преземат во иднина во Полошкиот регион. УНДП исто така спроведува Програма на Европската унија за санација на штетите од поплавите, вредна 10 милиони евра за да помогне „да се изгради подобро“ инфраструктурата што беше оштетена во поплавите во февруари 2015 година. Во овие напори се вклучени низа регионални и локални патишта и мостови, системи за одводнување, регулирање на речните корита и брани во 15 општини.
Од Проценката на потребите по настанувањето на природни несреќи и катастрофи, што УНДП ја спроведува заедно со ЕУ и Светска банка, за да се направи проценка на влијанието на поплавите во Скопје, се очекува да ги идентификува идните ургентни приоритети со цел спречување на поплавите и да обезбеди рамка за поддршка на донаторите. Ургентната Проценката на потребите по настанувањето на природни несреќи и катастрофи  ќе вклучува проширување на системот за одводни канали во случај на бура, изградба на брани за контролирање на поројните дождови, спречување на несоодветна употреба на одводните канали како импровизирани депонии, како и забрана за градење на живеалишта во местата со висок ризик од поплави и создавање на системи за рано предупредување кои ќе можат да го вклучат алармот веднаш штом ќе се појави закана од поплави.Извештајот насловен како „

Пронајдете не на следниве мрежи: