Под мотото „Шах без граници“ денеска во Скопје ќе се одржи Првиот меѓународен шаховски турнир во чест на македонскиот шаховски доајен Тодор Митров – Тиката.На турнирот ќе учествуваат околу 150 шахисти од 10 земји, а меѓу учесниците пријавени се и шест женски шахисти.
Покровител е семејството на Тодор Митров – Тиката, а турнирот е поддржан од Македонскиот олимписки комитет, Шаховската федерација на Македонија и од Шаховскиот сојуз на Град Скопје.
Меѓународниот карактер, како и главното мото „Шах без граници” на овој настан има за цел да ја промовира Македонија преку спортот, а исто така е во насока на промовирање на шахот и спортот во Македонија.
– Покрај промоцијата на нашата земја, сакаме да ја инспирираме младата генерација да го развива интелектот и креативноста преку шахот и спортот воопшто. Младите се иднината на секоја земја, така и ние заедно да се заложиме и придонесеме за нашата идна и здрава Македонија, велат од организациониот одбор.
Наградниот фонд на турнирот е 300.000 денари. Парични награди ќе добијат најдобрите 14 шахисти, а специјални награди во паричен износ се обезбедени и за шахисти во неколку помлади категории и со понизок рејтинг. На турнирот ќе учествуваат околу 150 шахисти од 10 земји, а меѓу учесниците пријавени се и шест женски шахисти.
Покровител е семејств