Велика Британија треба да го разгледа истапување од Европската конвенција за човекови права бидејќи таа ја попречува во борбата против криминалот и контролата на доселување, смета изјави во понеделникот британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј.Како што во понеделникот пишуваат британските медиуми, министерката за внатрешни работи Тереза Меј во сојот говор на прокознервативната политичка конференција во саботата изјавила дека во однос на следните општи избори во 2015 година, нејзината партија би требала да се обврзе дека ќе го реши прашањето за борбата против криминалот и доселувањето во смисла на обврзувачката Европска конвенција за човекови права.„До 2015 година ќе ни биде неопходен план за решавање на прашањата на Европскиот суд за човекови права, И да, сакам да бидам јасна дека сите опции, вклучувајќи го и целосното истапување од Конвенцијата, и требало да бидат ставени на масата“, рекла Меј.Тој став се појави во британските медиуми уште пред една седмица, меѓутоа ова е првпат министерката Меј да го изрече лично и толку директно.Британската Конзервативна партија веќе подолго време го критикува Европскиот суд за човекови права (ECHR) во Стразбур поради наводните навлегувања во британскиот суверенитет. Меѓутоа, застапниците на Конвенцијата истакнуваат дека таа е важна за заштита на човековите права во Велика Британија, бидејќи таа нема пишан устав кој би ги штител основните човекови права.Европскиот суд за човекови права во Стразбур не е институција на Европската унија, меѓутоа е дек од пошироката расправа за врските на Велика Британија и Унијата. Конзервативниот британски премиер Дејвид Камерон вети дека неговата партија, доколку победи на изборите во 2015 година, ќе ги редфинира односите со Европската унија и до 2017 година ќе организира референдум за останување во Унијата.Тереза Меј, инаку, ја даде спомнатата изјава токму на денот кога радикалниот муслимански свештени од Јордан, Абу Катада, чиј случај најчесто го истакнуваат критичарите на Европскиот суд за човекови права, е вратен во затвор од домашен притвор, поради прекршувањето на условната слобода.Британската влада сака да го депортира во Јордан, каде што е баран за тероризам, меѓутоа, Европскиот суд за човекови права во јануари 2012 година пресуди дека тој не може законски да биде депортиран, бидејќи судењето во Јордан би можело да биде неправедно поради доказите изнудени против него со примена на тортура. Со тоа Европскиот суд за човекови права во Стразбур ја поништи одлуката на британскиот Врховен суд, предизвикувајќи големо незадоволство во земјата. Многу критичари оценија дека таквите одлуки ги штитат човековите права на оние коишто самите не ги почитуваат човековите права на другите луѓе.Според аналитичарите истапувањето на Велика Британија од Европската конвенција за човекови права би било многу контроверзно и најверојатно не би било лесно изводливо.Британските конзервативци во својата предизборна програм за општите избори од 2010 година ветија дека ќе го заменат постојниот Закон за човекови права, кој го обезбедува почитување на Европската конвенција за човекови права, со нова британска Повелба за правата. Британската влада во којашто коалицираат конзервативците и либералите демократи, во март 2011 година формираше комисија за разгледување на подготовката на таа повелба. Комисијата во декември 2012 година објави дека нејзините членови не успеале да се договорат за тоа што треба да се стори.Според британските медиуми, министерката за внатрешни работи Тереза Меј би можела да биде новата челничка на ториевците, доколку актуелниот лидер и премиер Дејвид Камерона го загуби следните општи избори.
Макфакс Велика Британија треба да го разгледа истапување од Европската конвенција за човекови права бидејќи таа ја