Меј во жалост поради жртвите од пожарот во Лондон

Британската премиерка Тереза Меј изјави дека е во длабока жалост од загубата на животите, при пожарот што се случи во Гринфил тауер во Лондон.При пожарот загинаа шест лица, од кои две деца, додека над 70 се повредени.
– Премиерката е длабоко ожалостена од трагичната загуба на животите во Гринфил тауер и одблизу ја следи ситуацијата, изјави британскиот владин портпарол.
Меј побарала да се свика владина седница под претседателството на министерот задолжен за полицијата и противпожарната служба Ник Херд, со цел да биде кооридиниран одговорот и да се гарантира дека Кабинетот е подготвен да им помогне на службите за вонредна ситуација и на локалните власти, додаде британскиот портпарол.
Лондонските служби за итна помош соопштија дека лицата кои се повредени се хоспитализирани, а 20 од нив се во критична состојба.
Некои од луѓето во зградата каде избил пожарот се спушатале со јажиња од нивните станови, а други скокале од прозорци.
Лондонската полиција стравува дека во зградата има уште блокирани лица.
„Дајли мејл“ наведе, оти се смета оти причината за пожарот во Гринфил тауер е неисправен фрижидер. Весникот се повикува на изјава на жител на зградата кој го преживеал пожарот.
Тој навел дека фрижидерот експлодирал пред да избие пожарот во зградата, каде живеат 120 семејства.
Лондонската пожарникарска служба соопшти дека се уште е многу рано за да биде утврдена причината за пожарот.При пожарот загинаа шест лица, од кои две деца, додека над 70 се повредени.
– Премиерката е длабоко ожалостена од трагичната загуба н

Пронајдете не на следниве мрежи: