Мејлинг листата од агенцијата за анкети Фактор Плус Адрија од Србија, потврдува дека всушност СДСМ сами си пуштаат анкети.Агенцијата вчера излезе со мерење на рејтинг во Македонија. Според резултатите на прашањето За која политичка партија ќе гласате на предвремени парламентарни избори, за ВМРО-ДПМНЕ одговориле дека ќе гласаат 29,5 отсто од испитаниците, а за СДСМ 21,4 отсто, пишува Република.
Она што е воочливо, резултатите на ваквата анкета покажуваат помала разлика во рејтинзите меѓу двете најголеми политички партии споредено со сите претходни релевантни анкети, почнувајќи од таа на реномираниот Интернационален Републикански институт од САД, преку анкетата на Брима Галуп па сѐ до институтот ИПИС.
Причината за ова лежи во тоа што оваа српска агенција е блиска до агенцијата Рускин и Хант која што е компромитирана ПР-агенција која во српските медиуми се оценува како „продавач на скапа магла“ и чии луѓе го советуваат лидерот на опозицијата Зоран Заев.
Дури и на ваквата штелувана анкета Зоран Заев и СДСМ губат односно ниту продавачите на скапа магла не може да го избегнат фактот дека Заев има очајно слаба поддршка од граѓаните.
Инаку, кога мејлинг листите се во прашање, СДСМ веќе неколку пати беше фатена како режира вести на соросовите медиуми.Агенцијата вчера излезе со мерење на рејтинг во Македонија. Според резултатите на прашањето За која политичка партија ќе гласате на предвремен